Четириесет крвни единици повеќе од лани се собрани годинава во „Летната крводарителска акција“ во Велес
Објавено на 15 август, 2019 во 09:12
Вкупно 161 граѓани даруваа крв во дводневната Летна крводарителска акција организирана од страна на Општинската организација на Црвен Крст.
Единаесет велешани за прв пат даруваа крв во традиционалната крводарителска акција која се реализираше во зградата на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ . Од нив 126 се мажи и 33 жени.
Во споредба со минатата година собрани се 40 крвни единици повеќе.
Општинската организација на Црвен Крст Велес им се заблагодари на сите крводарители за покажаната хуманост и подарената крв која е многу значајна во спасувањето на човечки животи./У.Ј