Атанасов: Нема ни новозаболени животни ниту луѓе од антракс
Од вчера до денеска не е променета состојбата со оваа болест во државата. Според Зоран Атанасов ,директор на Агенцијата за храна и ветеринарство ,антраксот, до вчера го имаше во 22 дистрикти во државата и состојбата е непроменета. Тој одговарајќи на новинарско прашање дали има новозаболени животни или луѓе рече дека можно е да се појават новозаболени животни затоа што станува збор за спори кои остануваат во тлото на почвата.
– Не е исклучена можноста. Јас ќе кажам дека тоа е познато во науката и ние постапуваме. Веќе со децении во такви дистрикти се врши вакцинирање на животните во Северна Република Македонија. Ова населено место, кичевското село Долно Строгмиште, досега не беше дистрикт поточно место каде се преземаат посебни мерки за сузбивање и искоренување на оваа болест со задолжителна вакцинација на животните во наредните 20 години и не беше познато. Меѓутоа селото граничи со повеќе населени места кои што се дистрикти. Затоа досега во селото не се вршела вакцинација но сега се врши, рече Атанасов./У.Ј