Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

LOVGJII1

Агенцијата за храна и ветеринарство ги соопшти биосигурносните мерки за сведување на минимум на опасноста од евентуално пренесување на вирусот на африканска свинска чума во државата. По ескалацијата на состојбата во Бугарија и појавата на вирусот во Србија, денеска, на Езеро „Младост“ итна средба одржаа Ловечката федерација, Агенцијата за храна и ветеринарство и државниот Инспекторатот за ловство и шумарство.

Ловците ќе можат да отстрелаат диви свињи, откако при влезот во ловиштата извршат дезинфекција, застреланите диви свињи ќе треба да ги носат на точно утврдени локации во ловиштата за да се овозможат земање мостра за утврдување на присуство на вирусот на африканска свинска чума. Доколку пак видат мрши на угинати диви свињи ловците не ќе треба да ги допираат туку веднаш да ги пријават. Овие мерки на Агенцијата за храна и ветеринарство македонските ќе треба да ги пренесат на колегите од странство кои доаѓаат да ловат во македонски ловишта со цел да се спречи внесувањето на болеста од друга на територијата на нашата држава, рече Зоран Атанасов директорот на АХВ. Тој упати препорака и до домаќинства кои одгледуваат свињи.

LOVGJI3

- Одгледувачите на свињи кои не ги задоволуваат основните биосигурносни мерки на самото одгледувалиште тоа се обично селските домакинства, поточно кочините, дека сега не е момент за ваков начин на одгледување на свињи. Би им препорачал доколку можат да ги заколат во кланица и да си ги стават во своите фрижидери или пак да ги предадат на месната индустрија, рече Атанасов.

Мерките се превземаат и по проценка дека во ловиштата во Македонија има три пати повеќе диви свињи од утврден минимум за македонски услови. Со отстрелот се очекува да се намали популација на диви свињи поточно можноста преку нив да се пренесе болеста на домашните свињи.

За концесионерте на ловиштата забраната за движење во шума поради предизвикување на пожар и отстрелот на дива свиња во ВИП ловиштата чии сопственици инвестирале во богат фонд на овој вид диви животни беа само две препреки за спроведување на мерките.

LOVGJII2

- Ловечките концесионери се во лоша финансиска кондиција. Со спроведување на овие мерки ќе бидат во уште поголеми финансиск издатоци. Затоа од државата ќе побараме финансиска стимулација за да покријат дел од трошоците што ќе се појават при реализација на овие мерки, рече Влатко Алексовски, претседател на Ловечката федерација на Македонија.

Тој пренесе искуство на ловечката федерација во Чешка каде, како што рече, се појавила оваа болест и таму успеале да ја искоренат па побара од македонските институции координација за превземање на чешката добра практика./У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново