Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Bore naslovna

Борис Манев го познавам поодамна, но по еден наш разговор почувствував потреба да го напишам текстов и на младите велешани да им го претставам човекот кој несомнено има голем придонес во изградбата на својата земја и денеска е пример за совесен граѓанин и да ги поттикнува граѓаните за општествено ангажирање. 

Борис Манев, од татко Стојан, е роден на 22 мај 1941 година на Бузаана, помеѓу Којник и Мегдан, легендарните велешки маала. Основно училиште завршил во ,,Св Кирил и Методиј″, па се запишал во Економското училиште ,,Јовче Тесличков″ кое го завршил како прва генерација во 1956 година. Во Белград, во 1962 година, дипломирал на Вишата статистичка школа.

- Уште во Економското училиште, кое најпрво работеше како дел од Велешката Гимназија, во 1956 година Пере Алчев не воведе во Марксистичкиот кружок каде се запознавме со основите на младинското ангажирање и потребата на нашата земја од нашите воннаставни активности. Доброволното младинско ангажирање започна со нашата акција на потегот ,,Стрелиште″ над Спомен Костурницата. Секое средно училиште имаше работен ангажмани. Во 1957/8 година, кога бев трета година, се формира Средношколска бригада чија прва задача беше да прави ископ на канали за пошумување на голините над сегашното езеро ,,Младост″. Ние ископувавме канал, а потоа по нас стручни лица вршеа садење на борови садници, внимателно мерејќи го растојанието меѓу нив со канап, ″ рече Боре присетувајќи се за времето за кое разговаравме.

- Јас бев, онака висок, избран за Командант на Средношколската бригада ,,Кочо Рацин″во 1958 година. Директорот Љубе Јанев – Шандупот за прв пат проговори за доброволното младинско ангажирање. Бевме 120 бригадири и прво започнавме со пошумување на голините околу Велес, ″ додаде Манев.

Bore2

Средношколската Титовелешка бригада ,,Кочо Рацин ″ заминува на својата прва поголема работна акција на автопатот ,,Братство и единство″ во Ниш, на 29 јули 1959 година.

- Бригадата беше построена на 01 јули 1959 година во Младинскиот дом во Велес, а Димитар Ѓошев - Гутот одржа говор за тоа какви се понатамошните задачи на бригадата. За Ниш заминавме со воз. Од Велес до Скопје патувавме со вагони на ,,Свиларата″, со дрвени клупи место седишта. Со нас освен велешани, имаше и средношколци од Кавадарци, Неготино, Валандово и Гевгелија. Имаше и постари, како Глишо Мицајков кој веќе беше студент на Електро факултетот, подоцна и директор на Хидроцентралата ,,Тиквеш″ во Возарци.

Во Ниш бевме сместени во бригадирската населба ,,Јосип Дебељак″ во населбата Чичевац. Бевме седум – осум бригади. Покрај нас беше и Кумановската бригада, Краљевачката, Студенската словенска бригада, со која беше и велешанецот Начо Жаров. Работевме на ископ и правење насип за автопатот ,,Братство и единство″. Ни помагаше и локалното население со своите запреги од коњи и двоколки , наречени ,,корди″ , со кои ископаната земја се пренесуваше и се правеше насип за автопатот.

Главен трасер беше некој Стево, многу задоволен од нашата работа и не бодреше постојано.

Bore1

Во Штабот на бригадата беа и Пере Алчев, д-р Симеон Јанев, па Орце Ванов беше ,,санитет″. Командир на третата чета беше Ѓоре Самараков, а бригадири беа Баже Страчков, Ѓоше Ѓошев, Михе Страчков, Сотир Сиваков, Ацо Атанасов – Смок кој свиреше гитара, Благој Питиќ, Симо Смилев, Драган Тренчев, Панде Костов и други.

Од девојките во бригадата учествуваа Вера Костова,подоцна сопруга на Благој Кошулчев, Вера Перчинкова и Марика Алаџајкова, кои добро играа ракомет. Освен со работа на трасата се натпреварувавме и во спорт, во музика и во други активности.

Бригадата ,,ТИТО″ беше составена од младинци од сите градови кои го носеа името на Тито – Титов Велес, Титово Ужице, Титоград, Титов Дрвар, Титова Кореница, Титова Митровица и Титово Велење. За прв пат е формирана во 1969 година на МРА ,,Нови Београд″. Формирана беше на 2-3 јули 1969 година во салата на ,,Народно позориште″ во Титово Ужице. Бригадата беше создадена како потреба за соработка и меѓусебно запознавање на младите од сите републики и Данило Бурдан , новинар од Подгорица, предавајќи го знамето на бригадата кусо рече : ,,Тражимо резултате - Бараме резултати! ″.

Знамето го предал во рацете на првиот командант на бригадата Боре Манев од Титов Велес, а првото „огнено крштевање″ бригадата го имала на 9 август 1959 година на МРА ,,Нови Београд″.

- Ова бригада учествуваше и на работна акција на Тетовското кале, а во 1970 г . во Белград учествуваше по раководство на Романовиќ Слободан, командант и велешанецот Ѓоре Масинов , како секретар на бригадата, ″ се присети Манев.

borepriznanija fin

borepriznanija2

Овој бригадир ветеран ми ги покажа неговите дипломи и ударнички значки, кои ги заслужил со вредна и пожртвувана работа.

-Тоа беше време кога работевме, не се штедевме ниту ние, ниту оние околу нас. Се работеше вредно, резултатите беа видливи, а натпреварувањето меѓу бригадирите и бригадите беше големо и позитивно делуваше на моралот. Се дружевме, спортувавме, свиревме и пеевме. Се родија пријателства, а и понекоја љубов, кои останаа за цел живот. Тоа беше време на полет и знаевме за што работиме – ја градевме нашата земја! рече на крајот од разговорот Манев.

Љупчо Данов

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување велосипед.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • велосипедот да го купил од денот на објавување до денот на завршување на Jавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • купениот велосипед да не биде помал од 24” (инчи), односно 60,96 санитметри, односно да одговара на популација деца кои не се помали од 8-9 години.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Jавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • изјава дека барателот нема искористено право на поврат на средства за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината).

            Едно физичко лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

Барањето за надоместување на дел од трошоците  за купен велосипед, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен велосипед.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

Градоначалникот на Општина Велес на предлогот на Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето. Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од јавниот повик.

 

 

 

                                                                   ОПШТИНА ВЕЛ

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен сончев термален колектор за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор

за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување сончев термален колектор.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор во висина од 50% од вредноста на сончевиот колектор, но не повеќе од 20.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на сончев термален колектор, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на сончев термален колектор од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • сончевиот термален колектор да го купил од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • сончевиот термален колектор да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
  • само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • изјава дека барателот и членовите на неговото семејство/домаќинство немаат искористено право на поврат на средства за набавка на сончев термален колектор на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината),
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на сончев термален колектор и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде е инсталиран сончевиот термален колектор заклучно со претходната година пред објавување на јавниот повик.

Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен сончев термален колектор, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување сончев термален колектор”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

По секое поединечно комплетно барање, Комисијата врши увид дека колекторот е купен и инсталиран во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее.

Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторот каде е инсталиран сончевиот термален колектор.

Од извршениот увид Комисијата изготвува записник со приложена фотодокументација.

Градоначалникот на Општина Велес на предлог од Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето.

Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на Јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од овој Јавен повик.

 

 

 

                                                                    ОПШТИНА ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново