Вкупно 1672 земјоделци од Велес, Градско и Чашка ги добиваат картичките за зелена нафта
И покрај тоа што градинарите се вклучени во директните плаќања на министерството за земјоделство со субвенција од 3 денари за предадено градинарско производство во преработувачка индустрија и од лани се корисници на зелена нафта сепак цената на доматите и пиперките што ги продаваат годинава не е пониска од едно евро за килограм во внатрешноста на државата. За жал годинава тоа е така, рече министерот за земјоделство Трајан Димковски поради диктирањето на цената од страна на пазрот.
-Кои се условите и зошто, можеме да анализираме многу, колкаво е засадувањето или засејувањето на доматите и пиперките,како повлече извозот, регионалните пазари бидејќи станува збор за производи кои се извезуваат од Македонија. Исто како и зелката која годинава постигна добр цени така да тоа зависи и од регионалните освен од домашниот пазар, рече Димковски.
Министерот Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и рурален развој Николче Бабовски денеска во Подрачната единица на министерството во Велес ги поделија првите две од вкупно 1672 персонализирани платежни картички за зелена нафта со вкупна вредност од скоро 6 милиони и 700 илјади денари. Тие се наменети за земјоделците од општините Велес,Чашка и Градско.
– Пред завршувањето на овој месец платежните картички ќе стигнат до земјоделците поточно пред завршувањето на тендерскиот рок од 60 дена ние веруваме дека платежните картички ќе ги добијат сите наши земјоделци, рече Бабовски.
Во изминатите седум дена во 22 Подрачни единци на министерството за земјоделство во државата поделени се 60 отсто од вкупниот број на картички за зелена нафта. Според министерот Димковски до денеска преку картичките за набавка на зелена нафта на сметките на земјоделците државата врати 87 милиони 462 илјади 365 денари со цел да се намалат трошоците и домашното производство да биде поконкурентно./У.Ј