Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

MOKLISTE2

Деведесет деца од Велес, Кавадарци и Возарци ,кои имаат проблеми со бронхити, бронхопневмонии или астма како последица на загадувањето на животната средина од тешки метали од денеска се на климатска рехабилитација во детското одморалиште Михајлово, на планината Кожув. Тие се веќе стигнати сместени во одморалиштето.

Таму ќе останат седум дена, до 11 август, со цел планинскиот воздух да им ги олесни здравствените тегоби и да им ја подобри крвта иако на Кожув нема дрвја од видот молика.

- Не е како на Пелистер. На Кожув шумата е претежно дабова и букова но одморалиштето е на добра висинска положба. Децата се чувствуваат добро особено по секојдневните пешачења. Ги имаат сите активности исто како и на Пелистер. Со помош на донации за нив обезбедивме реквизити, материјали за едукација, за игра и за вечерни забави Концептот е ист само е сменето детското одморалиште, рече Иванка Андова од Друштвото на родители за грижа за здраво поколение.

MOKLISTE1

Државата, поточно министерството за заштита животна средина, и годинава не ја плати рехабилитацијата на болните деца кои живеат во загадени градови и населени места како последица од работата на тешките загадувачи. Андова рече дека родителите плаќаат помогнати од општините Велес и Кавадарци како и од загадувачот Фени.

- Четврта година не добиваме средства од министерството за животна средина. Првата година, како граѓанска организација, иако аплициравме проект не добивме писмено известување зошто сме одбиени. Годинава се обидовме да стапиме во контакт со министерството и да поразговараме но од таму не бевме удоствоени ниту со одговор, додаде Андова.

Претходно, четиринаесет години, државата ја плаќаше климатската рехабилитација на болните деца од загадените подрачја од тешки загадувачи. Рехабилитацијата траеше во две смени и опфаќаше и до 200 болни деца. Почна со рехабилитирање на деца од Велес, поради здравствени проблеми од топилницата а продолжи со вклучување и на болни деца од Миладиновци каде се наоѓа Окта, Осломеј Кичевско и кавадаречко Возарци поради Фени./У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/10/2019 година.