Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Selo Bistrica

Со создавањето на Велешката нахија, градот Велес станал единствена градска околу која гравитирале повеќе селски населби, чиј број варирал од 70 до 120, во зависност од околностите пред се од механичкиот прилив и одлив на населението, но и од болестите, честите напади на арамии, пљачкаши, војни итн.

Во османлиските пописи се повеќепати се запишани извесен број мезри поточно населби кои привремено настанувале, егзистирале и исчезнувале од пописните ,,дефтери“. Ова се должи пред се на фактот дека многу често номадите сточари, наречени јуруци, минувале и се задржувале пократко или подолго во овие краишта со својата стока.

Разгледувајќи ги пописите на Отоманското царство најдов податоци дека во 1445 година во Велешката нахија се воделе 9 мезри, како дел од попис во 1467/8 година кој се смета за непотполн, кога имало 21 , во 1481година биле 22 , а во 1528 година имала 14 мезри.

Да дадам некои податоци за овие населби , кои ги пронајдов во пописите:

- Канара Кајаси, постои месност Канари југоисточно од село Сујаклари и веројатно се работи за привремена јуручка населба. Преводот на името означува кланична карпа, па веројатно тоа било место каде се колел добиток.
- Караслар Јурду, се наоѓа североисточно од селата Каласлари, Сујаклари и Иванковци. Регистрирана е во 15 век и била јуручка населба.
- Кујуџик, Којуџик, Пинари што означува чешма, извор, бунар. Се води само во 15 век кај селата Сујаклари и Килиса Дереси.
- Мала Река, во пописите од 15 век се води кај село Јасеново. Постои истоимена река, која тече и низ село Смиловци, што значи дека тука некаде треба да се лоцира и ова населба.
- Писан Камен, точната локација би била помеѓу селата Житолуп и Попадија. И кај село Мамутчево постои истоимена област, но и кај село Бегниште – Кавадаречко. Сепак, овие локации се многу далеку од Велешката нахија.
- Рудилово, постои месност кај село Бањица.
- Спас, кај село Сопот постои месност и црква Свети Спас, каде постојат урнатини и гробишта. Зошто исчезнала ова мезра не се знае, ниту е запишано.
- Бесна Баба, се наоѓала веројатно кај село Витановци (Витанци), а подоцна се јавува и кај село Бусилци. Кај село Степанци постои и истоимен планински врв.
- Витовци, ова населба се лоцира кај селото Долни Раковец, а покасно се води како село Витанци.
- Белештевица, се наоѓала на ридот Гро(х)от,кај месноста Црквиште, источно од денешното село. Постои запис за мезра во 16 век.
- Владоровица (Владоресица) на локација кај село Грнчиште.
- Демирџи Пинари, се наоѓала во близина на друго исчезнато село Килиса Дереси. Двете села веројатно биле јуручки населби од 15 век.
- Златар, се појавува на попис во 16 век кај село Витанци (Витовци, Витановци) во близина на реката Тополница поточно Тополка.
- Извор, кај село Подлес , веројатно изградено во близина на некој извор.
- Долно Јованковци, постои и Горно Иванковци (денешно Иванковци, Иванковце). Можеби се работи за едно исто село, но поради грешка на попишувачите се водат како две различни села. Еднаш е запишано како Долно Јованковци, а подоцна евиденцијата се префрла на име Горно Јованковци, денешно село Иванковци. Едно време селото било целосно потурчено и имало четири маала: горно, долно, средно и карши маало. Иако потурчени, селаните го задржале христијанството, благодарејќи му пред се на некој богат човек Јован. Поради него турците, денешно село Иванковци го именувале и како Јованово село или Јуванли.
- Лесковица, се наоѓала кај село Тројаци и треба да се бара во месноста Леска, југозападно од селото, каде се најдени и остатоци од населба.
- Рудилово, кај село Бањица постои месност во близина на друго изчезнато село Долно Костовиште. Истовремено, северозападно од село `Рлевци постои месност Гоставуша , чие име асоцира на Костовиште.
- Топлица, во пописот од 1467/8 година покрај мезрата егзистира и село Топлица. Во неколку пописи егзистираат и двете села.
- Убого или Убоо, во 15 век регистрирана мезра кај село Мелница.
- Урошевица, во 15 век регистрирана мезра кај исчезнатото село Припор. Подоцна се јавува под името Приковци.
- Црници, регистрирано само во списите од 15 век. Во велешко две исчезнати села го носат истото име. Едното било веројатно на 2 км. југоситочно од село Чашка, основано е од неколку фамилии од родот Крушаровци, кои го нарекле Црници.
Ова се само дел од населбите кои се појавувале и исчезнувале во Велешката нахија. Според пописите од 1445 година имало 59 села, во 1467/8 година 90 и во 1481/2 година 97 села.

selskakukaAzot

Селска куќа во Азот

Значи, започнувајќи од османлискиот период на овие територии, некои населби биле разурнати ,други расселени, а се формирале и нови. Некои новоформирани села биле изградени на темелите на постари христијански населби, за што сведочат и наодите во нивна непосредна околина, каде се среќаваат стари урнатини од куќи, цркви, гробови и организирани фортификации , патишта и други објекти.

Многу населени места добиле турски, но се јавуваат и населби со чисто христијански имиња.

Има случаи кога жителите на повеќе блиски села се запишувале заедно, најчесто под име на најголемото или стратешки најважното село. Ќе го споменеме село Градско кое до 16 век се водело под името Грачаница, имало малку жители кои се попишувале со оние на село Логанци познато и како Лугунци, Даганџилер или Доганџијан. Подоцна Грачаница се јавува и како Храшница (Чрешница) и е истото село кое е погрешно запишано. Истото се случувало со село Калуѓерица, кое истовремено се јавува и како Калојере.

Некои села пак често го менувале името. Во пописот од 1568/9 година постои село Кобиља глава, а потоа се води под името Двориште, за подоцна да биде запишано како Извориште. Ова село се наоѓало во близина на Долно Врановци, подоцна кај месноста Двориште, па во Извориште, по што го менува името.

Постојат села со богата миграциона историја. Имено, село Чеплес се водело како султански хас , во близина на село Нежилово. Низ него течела Чеплеска река. Се верувало дека селото постоело поодамна и дека неговите жители се населиле во време на прогонот на Богомилите. Имено, селото на првиот попис имало 28 жители од кои само 4 постари жени, а деца немало.Селото се јавува во пописот од 1481/2 година како Чеплес ( подоцна Чеплеш и Чепкес ). Поради некоја непозната причина селото се иселило кај село Стари Град и го добило името Ново Село.

seloVladilovci fin

Село Владиловци

Да резирамираме. Вкупниот берој на селско население не бил во склад со густината на населбите. Според пописот од 1455 година бројот на населението во селата бил 7000 (ова се смета за некомплетен попис), во 1467/8 година бројот на жители изнесувал 11.000, во 1481/2 година бројката изнесува 14.000 жители ( од кои 720 лица биле муслимани ).

Демографска експлозија се случила во 1519 година кога се попишани 21.000 жители ,а во 1544/5 година се пребројани 23.000 лица. Во 1551/3 година според исплатениот арач во Велешката нахија имало околу 30.000 луѓе кои живееле на село.

Ова експанзија настанала преку механички прилив на турско население од Мала Азија , па дошло до формирање на многу нови селски населби, чисто со турско население , пред се на левата страна на реката Вардар.

Имало случаи, како со селата Смиловци , Владиловци и Јасеново , каде поради чума комплетното население изумрело. Но, централната власт механички населила по 15 фамилии за да не згаснат овие села.

Целото селско население, без разлика на етничката припадност се именувало како ,,раја“. Се занимавало со земјоделие, освен одредени занаетчии или луѓе ангажирани од власта како : дервенџии, соколари , војнуци.

Во пописот од 1445 година во 32 велешки села се попишани христијански свештеници поточно попови. Според пописот од 1568/9 година бројот на свештениците во 38 села се покачилна на 62.

Рекорден број на свештени лица живееле во селата Мартолци 6, а по 3 попа имало во селата Нежилово, Извор, Мокрени и Теово. Во село Богомила имало 4 свештеници. Во пописот од 1481/2 година во село Горно Иванковци бил регистриран Митрополит Пејо, а селски старешина бил поп Дане. Ова ја потврдува можноста во Велешката нахија за цело време на османлиското владеење да опстојувал Митрополит, односно Епископ.
Било развиено монаштвото, па во 1445 година се запишани по еден калуѓер во селата Капиново, Мокрени и Никодим. Во 1544 година тројца монаси се јавуваат во ело Гавран, а по еден во селата Црквино и Фариш.

Во селата со исламско население служеле имами. Во 1567/8 година во пописот имами имало во селата Комарлар, Угурлу, Обаси ,Чалшлари Хисар Бејлу. Во село Горно Оризари (Челтукчијан ) се наведува дека имало џамија и дури 4 свештени лица.

Од занаетите во велешките села најбројни биле ковачите. Во пописот од 1544/5 година се регистрирани 21 ковачи. Поретки биле терзиите, коларите, сарачи, калајџии, грнчари, ќурчии , ткајачи, железари. Со мали исклучоци ова биле фамилијарни занаети кои се пренесувале во фамилијата од колено на колено.

Животот во селата бил тежок, пред се поради пљачките, насилствата, болестите и немаштијата. Сепак, селското население имало предност поради производството на храна , а покрај земјоделието се одгледувала и ситна и крупна стока.

Редовно се изнесувала стока на пазарот во Велес, се продавала и се купувале разни занаетчиски стоки. Може да се каже дека велешките села биле добри произведувачи на храна и го хранеле градот, а повеќе земјоделски производи како тутун, афион, јачмен, ориз, житни култури, се продавале и во другите стопански центри Македонија.

Пишува : Љупчо Данов

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување велосипед.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • велосипедот да го купил од денот на објавување до денот на завршување на Jавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • купениот велосипед да не биде помал од 24” (инчи), односно 60,96 санитметри, односно да одговара на популација деца кои не се помали од 8-9 години.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Jавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • изјава дека барателот нема искористено право на поврат на средства за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината).

            Едно физичко лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

Барањето за надоместување на дел од трошоците  за купен велосипед, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен велосипед.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

Градоначалникот на Општина Велес на предлогот на Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето. Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од јавниот повик.

 

 

 

                                                                   ОПШТИНА ВЕЛ

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен сончев термален колектор за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор

за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување сончев термален колектор.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор во висина од 50% од вредноста на сончевиот колектор, но не повеќе од 20.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на сончев термален колектор, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на сончев термален колектор од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • сончевиот термален колектор да го купил од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • сончевиот термален колектор да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
  • само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • изјава дека барателот и членовите на неговото семејство/домаќинство немаат искористено право на поврат на средства за набавка на сончев термален колектор на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината),
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на сончев термален колектор и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде е инсталиран сончевиот термален колектор заклучно со претходната година пред објавување на јавниот повик.

Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен сончев термален колектор, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување сончев термален колектор”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

По секое поединечно комплетно барање, Комисијата врши увид дека колекторот е купен и инсталиран во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее.

Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторот каде е инсталиран сончевиот термален колектор.

Од извршениот увид Комисијата изготвува записник со приложена фотодокументација.

Градоначалникот на Општина Велес на предлог од Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето.

Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на Јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од овој Јавен повик.

 

 

 

                                                                    ОПШТИНА ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново