Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Kombe1 fin

Еден загинат возач на комбе со скопски регистерски ознаки и потешко повреден возач на автобус на фирмата „Филe турс“ од Кратово, е билансот на тешката сообраќајна несреќа што вечерва,среда 31 јули, се случи на магистралниот пат Велес - Штип, во близина на велешкот Ново село. Десеттина минути пред 21 часот, автобусот и товарното кобе директно се судриле, рекоа за Дума.мк, патници кои во автобусот се качиле од Велес за да патуваат на летување на Црно Море во Бугарија.

Zena fin

- Одеднаш, неочекувано се случи се. Јас дури и не се сеќавам дека сопругот ме подигнал од подот на автобусот каде најверојатно сум излетала од седиштето. За среќа јас и ќерката поминавме со полесни повреди додека сопругот има рана на челото на главата и него лекарите му ја сошија.Ги поминавме снимањата и сега ги чекаме резултатите. На лице место загина возачот на комбето додека на возачот на автобусот му беа приклештени нозете па се чекаше да дојдат најверојатно пожарникарите за да го исечат тој дел од автобусот и да го извадат возачот. Што се случи потоа незнам, нас со возило на Итна помош не префрлија во болницата во Велес, рече патничката Јулијана Атанасова од Велес.

hirusko fin

Во велешката Општа болница беа пренесени вкупно 19 повредени патници. Од нив потешко повредениот возач на автобусот веднаш беше внесен на снимање на апаратот за Компјутерска томографија. Дел од патниците со рани на главата и на очен капак беа прифатени во хирушките амбуланти каде дежурни хирурзи и ортопеди им ги шиеја раните и ги испраќаа на ренген и магнетни снимања.

rengen fin

-Само четворица од петнаесетте патници се задржани на болничко набљудување по реанимацијата додека останатите се прегледани и испратени на домашно лекување бидејки имаа лесни телесни повреди по телата, екстремитетите или расекотини кои веднаш беа санирани од дежурните лекари на Хирушкото одделение во болницата. Посериозни повреди има возачот на автобусот. Ги чекаме резултатите од компјутерското снимање затоа не можеме да ви дадеме конкретни информации за повредите, рече д-р Љупчо Леов специјалист ортопед.

Kombesopolicija fin

Помеѓу полесно повредените патници освен од Велес има и жители на Гостивар и Кичево. Тоа се семјства што требало да летуваат во Бугарија. Со автобусот на фирмата „Филик транс“ патувале до Штип од каде требале да продолжат со друг автобус кон Црно Море.

Kombe fin

Kombesiroka fin

До овој момент, на местото на несреќата, увид прави екипа на СВР Велес и Јавен обвинител. Резултатите од увидот ќе треба да ги откријат причините за несреќата.

Ова е втора несреќа денеска во велешко. Претходно, околу 17.30 часот, во ЈЗУ Општа болница Велес бил донесен и тракторист од селото Виничани. Тој со тешки телесни повреди се здобил кога се превртел со тракторот што го управувал. Хирурзите во болницата во Велес вршеа подготовка за негова операција./У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/10/2019 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/10/2019 година.