Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

PorakizaDaunovsindromiAutizam fin

Со повеќе активности кои имаа за цел подигнување на јавната свест кај младата популација поточно помеѓу учениците од редовните основни училишта во Општина Велес и годинава беа одбележани 2-ри Април - Светскиот ден на лицата со Аутизам како и 21-ви Март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

edukacijaDaunovsindromiAutizam fin

-Преку низа активности, се приклучуваме во кампањата „Попреченоста е само прашање на перцепција“ на Институтот за различности во медиуми од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија. Во соработка со секторот за образование при Општина Велес, на 18 март, во салата на општината, од страна на дефектолозите Весна Басаров и Мирјана Дамњановиќ, беше реализирано предавање за наставниците од четвртите и петтите одделенија како и пред стручните служби на редовните основни училишта на која беа едуцирани за карактеристиките на лицата со Даунов синдром и Аутизам, за значењето на двата светски денови посветени на лицата со Даунов синдром и Аутизам и притоа им беа дадени насоки и наставни материјали за реализација на еден наставен час со нивните ученици. Иницијативата беше прифатена, со големо задоволство, од страна на слушателите кои покажаа желба за посета на час заедно со ученици со Даунов синдром и Аутизам, рече дефектологот Весна Басаров.

CaszaDaunovsindromiautizam fin

Таа додаде дека ученици со аутизам, заедно со дефектолози, координатори на оваа активност, ги посетија редовните училишта на територијата на општината кога наставнички од петтите одделенија одржаа час за запознавање на учениците со карактеристиките и можностите на лицата со Аутизам.

CaszaDaunovsindromiautizam 1fin

Специјален гостин беше Јордан Андов, лице со Аутизам, поранешен ученик во ПОУ „Маца Овчарова“ и голем активист на полето на подигнувањето на јавната свест за лицата со аутизам. Тој со задоволство ги истакна своите најнови постигнувања и освоени спортски медали како и поетски награди за потоа пред учениците да ги изрецитира поемите „Копачите“ од Кочо Рацин и „Умилкување“ од Петре М. Андреевски.

Ucenivkicas fin

Исто така, годинава, ученици со Даунов синдром со своите наставнички, дефектолози од ПОУ „Маца Овчарова“, ги посетија редовните училишта во Општина Велес, каде наставничките од четвртите одделенија, по претходно дадени насоки, одржаа час за запознавање на нивните ученици со карактеристиките и пред се можностите на лицата со Даунов синдром. Учениците преку видео презентација, филм, боење на „чорапчиња“ и заедничко дружење го одбележаа овој значаен ден и соопштија дека очекуваат повторна средба. 

corapcinja fin

Општина Велес е една од водечките, која ги заштитува, промовира и унапредува правата на лицата со попреченост, преку низа активности, кои се загарантирани со стратешкиот документ „ЛАПЛИ“ поточно Локален акционен план за лица со инвалидност како редок и служи за пример во државата.

21mart odbelezuvanje fin

Инаку, Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ од Велес, кој е дел од истоимениот Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост како и од Националниот сојуз на инвалидски организации во Македонија, во континуирана соработка со ПОУ „Маца Овчарова“ и здружение на граѓани „Попи“,  пет години ги организираат одбележувањата на двата светски дена, првиот посветен на лицата со Даунов синдром и вториот на Аутизам во Општина Велес со цел да се подигне јавната свест за прифаќање на лицата со попреченост./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново