Србски државјанин починат бил донесен во Општа болница во Велес
Немилиот настан се случил вчера, недела 20 јануари, кога на педесет и седум годишниот М.К од Крагуевац, Република Србија, во Градско му се влошила здравствената состојба и побарал лекарска помош од Итната медицинска помош во Велес. По укажаната помош и на барање на србскиот државјанин со возило на Итна помош тој бил пренесен на Интерното одделение во ЈЗУ Општа болница во Велес. Информацијата ја потврди портпаролката на велешката болница, Марина Андова.
-Пациентот со возило на Итна медицинска помош во велешка болница бил донесен во 13.45 часот но за жал починат. На телото на пациентот немало траги на насилство, констатирал дежурен лекар интернист на одделението во болницата, рече Андова.
Според СВР Велес по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје./У.Ј