Д-р Стровјаноски: „На 30 септември оваа генерација Македонци одлучува и за себе и за идните поколенија“
„Европа и светот ги препознаа промените во нашата надворешна политика, односот кон соседите, желбата на мнозонството-конечно да излеземе од калта на историјата на Балканот и заедно и секојдневно да пишуваме поинаква историја за нашите поколенија. Затоа ЕУ и НАТО велат: Вратите се отворени! Добредојдени сте! На 30 септември оваа генерација одлучува и за себе и за идните поколенија. Овојпат без пушки.Со пенкало ,како и што доликува на 21 век, рече во денешното обраќање кон велешани д-р Димитар Стровјаноски, член на Секретаријатот на Централната комисија за здравство на СДСМ.
Велејќи дека Одлуката е исклучиво право на граѓаните кои единствено можат да ја донесат и да одлучат дали ќе продолжат понатаму со цивилизираниот свет или ќе заостануваат век зад него д-р Стровјаноски додаде:
„НАТО е најсилниот безбедносен сојуз во светот кој би ни обезбедил мирни граници и непречен економски развој.
За сигурна иднината за нашите деца и млади, ние треба да му се придружиме на ова семејство.
Европската Унија е семејство на народи – каде што земјите си помагаат една на друга ,градат заедничка безбедност, споделуваат можности и создаваат економски придобивки за секоја земја членка на семејството.
За сигурна иднината за нашите деца и млади, ние треба да му се придружиме на овие семејства.
Зошто влезот во ЕУ и НАТО е толку вреден?
Некои велат – можеме да почекаме. Можеме да се приклучиме подоцна.
Дали нашите сонародници чекаа друго време и друга шанса да појдат баш во овие земји и да работат на сопствениот развој и за иднината на свооите поколенија? Не, ја зграпчија шансата .
Сега сите ние заеднички ја имаме шансата да останеме тука , на нашите огништа,на нашата грутка а сепак да живееме европски,да изгледаме светски! Ова е шанса еднаш засекогаш и не треба да ја пропуштиме!!! Нели 27 години сите се залагавме за овој момент? ДА !
Светот ја поддржува Македонија но, одговорноста е наша- на 30 септември гласаат граѓаните на Македонија не гласа светот – за 10 дена да излеземе на гласање,“ рече д-р Стровјаноски.