Врховен пресече, Основен суд Велес ќе одлучува за состојбата на „Фени“
Откако го одби барањето на бугарски „Енекод“ друг суд да одлучува за стечајот во „Фени“, Врховен даде можност токму Основниот суд во Велес да ја води предстечајната постапка и да утврди постојат ли докази за стечај во комбинатот во кавадаречко Возарци.
– Врховниот суд на Република Македонија донесе решение по предметот, со кое предлогот на ФЕНИ Индустри АД Кавадарци за определување на друго местно надлежен суд за водење на стечајната постапка е одбиен како неоснован. Со тоа, постапката по предметот останува да се води пред стварно местно надклежниот Основен суд Велес, пишува во соопштението на Вргховниот суд.
Врховен суд одлучуваше откако на рочиштето во понеделникот, главниот извршен директор на Фени, Рајчо Аљошев Кацаров од бугарската фирма „Енекод“ побара изземање на судот во Велес, поради економски причини.
Тогаш Аљошев Кацаров призна дека барањето го поднесуваат за да добијат време да преговараат со банките кои се најголеми доверители и за да ги утрвдат сите долгови кои ги има ФЕНИ откако изјави дека во меѓувреме се појавил нов долг од 5,5 милиони евра кон УЈП. Поради тоа Енекод не доставил нова понуда до банките доверители, за конечно да стане сопственик на ФЕНИ.
Синдикатот пак во одложеното прво рочиште и во барањето друг наместо велешкиот суд да одлучува за судбината на Фени виде одолговлекување на постапката, за да се избркаат други потенцијални купувачи на ФЕНИ. Фабричкиот, поддржан од Гранковиот синдикат за енергетика, индустрија и рударство најавија нови протести и блокади./У.Ј