Измамник од велешанка добил 11.000 евра за да стане пратеничка !
Објавено на 6 септември, 2017 во 10:59
Велешанка му платила 700.000 денари на прилепчанец, што лажно и се претставувал дека е вработен во УБК, за да ја ја зачлени во партија, да посредува исто така таа да биде именувана за координаторка за град Велес и да стане кандидат за пратеник.
За посредувањето велешанката на измамникот, лани, му платила 11.000 евра.
СВР Скопје го осомничи и му поднесе кривична пријава за “измама“ на триесет и пет годишниот Б.К. од Прилеп.