Општинската организација на СДСМ реагира на црна пропаганда против нив и нивниот кандидат за градоначалник Коцевски
Летоци со лажна содржина утринава се појавиле низ Велес со кои се атакувало врз партијата СДСМ и нивниот кандидат за градоначалник Аце Коцевски. Од партијата преку соопштение им се обратија на велешани за да ги информираат дека станувало збор за црна пропаганда на нивниот политички ривал пред престојните Локални избори.
„Летоците само го докажуваат стравот на ВМРО-ДПМНЕ од извесниот пораз на 15 октомври. Подлите обиди со растурањето на лажни летоци против СДСМ и кандидатот за градоначалник Аце Коцевски нема да му помогнат на ВМРО-ДПМНЕ да го избегне убедливиот пораз на претстојните избори. На 15 октомври СДСМ и Коцевски ќе ја оправдаат убедливата предност од анкетите и ќе победат убедливо уште во првиот изборен круг. Втор круг во Велес ќе нема. Граѓаните веќе одамна не веруваат на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и на претстојните локални избори ќе ги казнат погубните политки на оваа партија, како во Велес, така и во сите останати општини во Република Македонија, “ напишаа од СДСМ .