Свештеници ја бојадисуваат оградата на новата црква „Свети Кирил и Методиј“ во Велес
Објавено на 31 август, 2017 во 15:11
Се подготвува за осветување новиот духовен храм во Велес. Паралелно со завршувањето на фрескоживописот во црквата се уредува и дворот. Денеска десеттина свештеници ја бојадисуваа оградата. Глетката беше несекојдневна.
Наскоро новата црква ќе биде осветена и ќе ги отвори вратите за верниците во Велес. Ако се има во предвид дека двете цркви што досега се изградени на ридовите Свети Илија и Вршник, „Свети Спас“ во 14 век и велелепното здание на Соборниот храм „Свети Великомаченик Пантелејмон“ во 1840 година, по сто и седумдесет и седум години Велес ќе добие нов духовен храм во централниот дел./У.Ј