Силувано лице со заостанат психички развој во Велес
Објавено на 14 август, 2017 во 12:08
Обљубата врз четириесет и осум годишната девојка се случила во нејзиниот дом, рано утрото во неделата на 13 август, околу 06,30 часот во Велес. Тогаш непознат сторител влегол во домот преку незаклучената влезна врата а потоа и во собата која девојката ја делела со нејзиниот татко, исто така лице со заостанат психички развој.
Сторителот насилно и ја соблекол долната облека и извршил обљуба врз девојката.
Случката вчера утро била пријавена во СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител, оштетената е однесена на лекарски преглед во судска медицина во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот, информираат од полицијата. /У.Ј