Граѓани бараат да се помести чешмата од под јаворот на плоштад „Сармаале“
Се лизнало и паднало дете покрај чешмата додека се обидувало да се напие вода под јаворот на плоштад Сармаале. Детето лесно се повредило. За случката, денеска, раскажуваа граѓани кои на пеколните жештини често седат околу градската Фонтана. Дел од нив се грижат чешмата да биде секогаш во функција за да се пие вода и да се разладува. Така неколкумина од нив купиле нов чеп откако стариот бил насилно искршен и изваден од страна на несовесни граѓани.
– Сега барем може да се пие вода. Неколку дена тоа не беше можно без да се наводени човек. Собравме пари и купивме пластичен чеп. Го поставивме но, вчера се случи детето да се подлизне и на очиглед на сите нас да падне. Не се повреди многу затоа што избегна да удри со главата во бетонското постоље на чешмата. Тоа е накривено и водата истекува преку него па паѓа долу на плочките и затоа се лизга. Постољето треба да се помести, поблиску кон фонтаната затоа што го поткрева коренот на јаворот. И редовно како што се мете треба да се чисти оној канал во кој истекува водата за да не се лизгаат граѓаните од водата, рекоа граѓаните.
Коренот на јаворот, кој постојано расте, се наоѓа под плочите на кои е поставено постољето на чешмата. Чешмата му смета на дрвото и треба да се помести. Таа е многу користена од страна на граѓаните па затоа треба да се чисти. Бетонското постоње е многу нечисто, коментираа граѓаните. Тие, исто така, побараа градот да постави ваков вид на чешми и кај поранешната стоковна куќа „НА-МА“ па и на остатокот долж улицата „8 Септември“ како една од најфрекфентните во строгиот центар на Велес/С.А