Стојанова Богоевска: Зошто ВМРО ДПМНЕ не ги распиша навреме тендерите за Климатската рехабилитација на децата во Македонија?
Проектот за климатска рехабилитација на велешките деца погодени од загадувањето на Топилницата е 15 годишен проект на Здужение на граѓани за грижа за здраво поколение и за прв пат почна да се реализира во време на Влада предводена од СДСМ, реагираше денеска Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Велес. Од таму обвинија дека ВМРО ДПМНЕ се обидел да креира лажна слика пред граѓаните кога соопштил за годинешното нереализирање на средствата од Проектот за климатска рехабилитација на велешките деца погодени од загадувањето на Топилницата.
– Во интерес на вистината, лани, во последен момент, повторувам, во последен момент, се реализираше овој проект. До последен момент, Владата на ВМРО ДПМНЕ го остави под знак прашалник реализирањето на овој Проект. Дел од учениците подоцна ја започнаа училишната година, за што се бараше посебна дозвола, бидејќи многу доцна заминаа на климатска рехабилитација, поради несовесноста на кадрите на ВМРО ДПМНЕ, кои не направија се што е потребно, климатската рехабилитација да се реализира во летниот период, а не на крајот на летото и дел од месец Септември, кога децата тргнуваат на училиште, рече портпаролката на СДСМ, Весна Стојанова Богоевска.
Според Стојанова Богоевска проектот не се реализирал токму поради закочените демократски промени на власта и нормалното функционирање на државата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
– Лажните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ не минуваат. Граѓаните знаат дека поради сите немили настани, кои се случуваа изминатиов период, временски е невозможно да се реализира овој проект. Ако ВМРО ДПМНЕ навистина мислеа на децата, можеа уште на почетокот на годинава да распишат тендери за реализација на овој проект, но тоа не го сторија. Зошто тоа не го сториле, ќе си одговорат пред сопствената совест,рече Стојанова Богоевска./У.Ј