Шеесет и девет годишен велешанец загина додека поправал оџак на покрив
Објавено на 25 јули, 2017 во 16:30
Несреќата, во која загина Д.М, се случила утрово, околу 9 часот, на ул„Петре Милевски“ бр. 11 во Велес. Тој изведувал градежни работи на куќа.
Во еден момент човекот паднал од скелето и од добиените повреди починал на лице местото.
Несреќата била пријавена во СВР Велес чија екипа направила увид по овластување од Основно јавно обвинителство – Велес./У.Ј