Возачи на мопеди и моторцикли, без кацига и без дозвола како и пијан возач во нерегистриран автомобил, викендов на улиците и патиштата во велешко
На велешките улици и патиштата околу градот, викендов, се случиле 60 прекршоци на возачи на мопеди и моторцикли. Возачите на овој вид на превозни сретства не нонеле заштитен шлем и возеле без возачка дозвола. За првиот регистриран прекршок е предвидена глоба во износ од 50 евра, соопштија од СВР Велес.
Во контролата што викендов ја направила сообраќајната полиција исто така се евидентирани и 3 прекршоци против возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол. Тие биле исклучени од сообраќај.
Сообраќајните полицајци интервенирале и на регионален пат правец Штип- Велес каде пијан возач управувал автомобил и преставувал опасност за останатите учесници во сообраќајот.
Совесни возачи побарале помош од полицијата на која и соопштиле дека патнички автомобил се движел неконтролирано по патот.
Сообраќајните полицајци го лоцирале автомобилот и се обиделе да му сигнализираат да застане.
Возачот не ја почитувал наредбата и наместо да застане се обидел да избега.
Тогаш сообраќајните полицајци се упатиле по него и го пресретнале и застанале возилото.
Во контролата што ја извршиле било констатирано дека возачот го управувал возилот под дејство на алкохол, без возачка дозвола и нерегистрирано. /У.Ј