Капачи се тепале на градски базен во Велес
Дваесет и едногодишниот скопјанец И.И бил нападнат од засега непознато лице, во неделата вечерта,околу 19 часот, кога излегол од соблекувалната на градскиот базен во Велес. Него напаѓачот го удрил по главата со стаклено шише.
Скопјанецот се здобил со видлива телесна повреда поточно расекотина над десното око. Потоа настанала општа гужва и тепачка на базенот кога непознатите лица со шипки од чадори за сонце физички ги нападнале деветнаесет годишниот Е.И од Скопје и триесет и четиригодишниот С.У. од Скопје, по што, во еден момент се дале во бегство кон долната капија на базенот.
Тепачката била пријавена во СВР Велес. Полицијата интервенирала и го вратила редот и мирот на базенот. Овластени полициски службеници повиканле шест лица од Велес на информативен разговор. По извршените службени активности сите се пуштени на слобода.
Полицијата работи на расветлување на тепачката./У.Ј