Дваесет годишен маж нападнал и тепал продавачка во маркет во Велес
Дваесет годишниот М.Р од населбата Горно Оризари влегол во маркет во градот и со тупаници и клоци се пресметал со продавачката М.З. Тој упатил и закани кон жената и во еден момент ја зграбил за коса и ја влечел додека во маркетот пазареле други жени а биле присутни уште две колешки на продавачката. Нападот се случил пред пет дена околу 18 и 30 часот во „Алфа маркетот“ на ул.„Димитар.Влахов“ бр.49 во Велес, соопшти полицијата.
Од СВР Велес соопштија дека работат на расветлување на случајот и ги утврдуваат причините што го предизвикале инцидентот.
Напаѓачот не знаел дека во продавницата има камери на кои е снимено тепањето како и фрлањето на пакети со сокови од страна на напаѓачот како кон продавачката М.З така и кон две други нејзини колешки кои биле на работа во втора смена.
Според СВР Велес по обезбедување на докази и службени материјали против М.Р ќе биде поднесена соодветна пријава до Основниот суд во Велес./У.Ј