Сообраќајка без повредени на автопатот Велес – Скопје
Се судрија грчко патничко возило и струмички камион синоќа на автопатот Велес – Скопје. Во несреќата нема повредени патници туку е причинета поголема материјална штета поточно целосно е хаварисан автомобилот на странецот.
Сообраќајната несреќа се случила околу 21.00 часот, поточно на вијадуктот кој се наоѓа на 1,2 км пред Зимскиот пункт на „Македонија пат“ или место викано „Ајдучка Чешма “.
Таму патничкиот автомобил марка „Цитроен Ц-4“, со национална ознака на Република Грција управуван од возачот Д.М.(46) удрил во товарното возило марка „Мерцедес Бенз 1317“ со струмички регистарски ознаки управувано од В.Д. (61) од Струмица.
На местото на несреќата е направен увид од екипа на СВР Велес. Резултатите од увидот ќе ги откријат причините за сообраќајката. Според првичните информации на полицијата најверојатно сообраќајката ја предизвикало не држењето на растојание помеѓу возилата.
Странскиот државјанин е задржан и изведен пред судија на претходна постапка на Основен суд во Велес./У.Ј