Вицепремиерот Анѓушев: „Во изминатите години УСАИД Македонија покажа дека е пријател на македонскиот народ“
Поддржани се многу проекти во државава, во изминатите години, токму преку грантови и финансиски сретства на УСАИД Македонија вклучувајќи го и проектот на американската профилација Хабитат преку која се градат становите за граѓаните кои имаат ниски примања во Велес. Затоа Владата на Македонија ќе му даде поддршка на овој значаен донатор за Македонија, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Тој одговори на новинарското прашање дали ќе успее актуелната да ги надмине последиците од изминатите десеттина месеци кога старата Влада водеше политичка хајка кон донаторот УСАИД Македонија преку дваесет и три граѓански организации во државата кои беа корисници на грантови од овој американски донатор.
– Она што јас можам да го кажам, во свое име и во името на Владата на Република Македонија, е следното. Ние УСАИД Македонија, Соединетите американски држави и американскиот народ ги чувствуваме како пријатели. Тие секогаш ќе бидат добредојдени во Македонија и ние во нив гледаме стратешки партнери. Апсолутно, тие ќе продолжат со реализирање на своите активности во Македонија. Јас им се благодарам на нивната досегашна поддршка, рече Анѓушев.
Вицепремиерот додаде дека Владата ќе направи се за понатамошната соработка со УСАИД Македонија да биде успешна./У.Ј