Крајот на стар Велес завршуваше со маало „Крајот“

Објавено на 15 јануари, 2017 во 07:46

(Болницата во Велес, стариот дел во кој денеска работи Лабораторија, Физикалното одделение и Трансфузиологија)

Велес кон крајот на дваесеттите и триесеттите години на минатиот век се протегал од касарните, горната и долната касарна, денес на тоа место e Младински парк, и угоре на ридот над некогашната касарна, денешните објекти на Општата болница Велес од едната, а до другата до манастирот „Св. Димитрија” или местото каде реката Тополка се влива во Вардар. Градот завршуваше кај касарните, горната и долната, кои се наоѓаа од двете страни на таканареченото Прилепско џаде од каде почнуваше стариот пат за Прилеп. Во времето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците на Прилепското џаде кое официјално беше улица „Краља Петра”, завршуваше и последното маало на Велес. Се викаше „Крајот”.

Савка Јанкова Тодорчевска

Во „Крајот” е родена, ги поминала детството и моминските години Савка Јанкова Тодорческа. Во Скопје се преселила во 1945 година. Сега има 94 години и пензионерските денови ги живее во Скопје. Тодорческа се сеќава на животот во маалото, на објектите, на луѓето и случувањата од тоа време. Пренесуваме дел од нејзините сеќавања кои треба да остават сведоштво за тоа време.

До маалото, се сеќава Савка Тодорческа, се доаѓаше по главната улица „Краља Петра” која започнуваше од центарот на градот. Маалото „Крајот” почнуваше од двата парка кои маалото го раздвојуваа од маалото Сармаале.

Горниот и долниот парк во Велес, фотографирани кон крајот на 1920 година

– Долниот парк во триесеттите години не постоеше иако се гледа на фотографијата што е илустрација на овој текст, најверојатно направена на крајот на дваесеттите години на XX век. Горниот парк кој го носеше името „Парк Краља Александра” се наоѓаше на левата страна на улицата „Краља Петра”, денес улицата „Благој Ѓорев”. Паркот во кој имаше најмногу багреми го сечеа три патеки, долна, средна и горна. Интересно е да се спомене дека на долната патека се шетаa велешките семејства поточно сопружниците со децата, на средната патека верените граѓани, а на горната ергените и девојките. Во паркот имаше настрешници и клупи кои служеа за починка. На средната патека во паркот имаше споменик на Јован Бабунски, кој подоцна беше урнат. Угоре од третата патека, по десеттина скали се стигнуваше до тесно патче кои одеше кон населбата населена со роми. На половина пат до населбата на ромите беше во тоа време прочуената „Дансинг сала”, приземна зграда со голема сала и неколку придружни простории. Во салата која собираше стотина лица, во саботите и неделите, се одржуваа културни манифестации, матинеа и други забави. На забавите и матинеата свиреа велешки оркестри. Во празнични денови кога заради временски неприлики не можеше да се организираат културни манифестации во паркот се користеше објектот на „Дансинг салата”, раскажува и денес Тодорческа.

Таа кога зборува за маалото „Крајот” секогаш започнува со приказ дека било распослано на три улици.

– Едната беше главната улицата, тогаш „Краља Петра” или уште попозната како Прилепското џаде. По завршувањето на горниот парк лево започнувала денешната улица „Петре Алчев”. Не памтам дали улицата имаше некое име или напросто сум го заборавила. Од улицата „Петре Алчев” која продолжуваше на лево се издвојуваше улицата која на почетокот го носеше името „Церска”, потоа „Кожув”, а денес мислам улицата „Сомборска”.

Горната Касарна изградена за време на владеењето на Турците. Во долниот дел на фотографијата, на левата страна се наѕира маалото Крајот

Маалото завршуваше со касарната која излегуваше на главната улица „Краља Петра” и со објектот на местото на денешната Општа болница, некогашна турска воена болница, изграден во 1907 година за потребите на војската.

Во маалото имаше околу четириесетина семејства со околу 300 жители. Речиси сите куќи во маалото биле градени од граѓаните во времето на Турската империја во втората половина на XIX и почетокот на XX век. Интересно е тоа што сите куќи во маалото имаа канализација, рече Тодорческа.

„Крајот” го населувале семејства на земјоделци, занаетчии, надничари, ситни трговци и мали фабриканти. Се живеело мирно и едноставно, секој со своите проблеми и желби. Меѓу луѓето имало слога и бескрајна подготвеност да им се помогне на оние што имаале потреба од тоа. Кавги меѓу луѓето речиси и немало. Муабетите пред порта, на големите камења што служеле како клупи, биле најдобриот начин да се поделат сознанијата, да се чујат и пренесат вестите од градот и маалото. И сè се знаеше, вели Тодорческа.

Одејќи од центарот на Велес по улицата „Краља Петра” по завршувањето на Горниот парк на аголот со денешната улица „Петре Алчев”, на левата страна се наоѓаше куќата на семејството Кирови чиј влез беше од главната улица. Сопругот, чие име не го памтам, вели Тодорческа, и неговата сопруга Менча имаа ќерка Верка и син Ангел. Во приземјето на куќата на Кирови имаше алваџиски дуќан сопственост на двајца браќа. Едниот од браќата што беа дошле од Призрен на работа во Велес се викаше Асан. Тие покрај дуќанот од семејството Кирови имаа под кирија и две соби во дворот на куќата во кој живееја. Куќата на Кирови во реконструкцијата на маалото „Крајот” е обележана со број 1. Со броеви се означени и сите други семејства што се споменуваат во текстот.

До куќата на Кирови имаше уште една куќа со влез од денешната улица „Петре Алчев” во која живееја мајката Кона и нејзината ќерка Магда. Ќерката Магда беше успешна и позната шнајдерка.

До нивната куќа беше старата куќа на Диме Шиколе каде тој живееше со сопругата Ефка. Тие имаа три деца, две женски и едно машко. Диме со сопругата и двете ќерки Александра и Милка живееја во старата куќа, а синот Трајко најпрвин со првата, а потоа и со втората жена во новата куќа, направена подоцна дијагонално на спротивната страна на улицата „Петре Алчев”. Синот на Шиколе немал деца. Двете ќерки на Диме и Ефка се омажија со хрвати и заминале за Загреб. Александра и Милка имале по две деца.

По куќата на Диме Шиколе имаше уште една куќа чии станари не ми се познати и на кои не се сеќавам.

До нив се наоѓаше куќата на фамилијата Манојлови, Зара со нејзиниот сопруг со трите машки деца- Никола, Димче и уште еден на чие име не се сеќавам.

До куќата на Манојлови живееше семејството на старицата Мана која куќата ја делеше со двајцата синови, снаите и внуците. Едниот од синовите почина многу рано оставајќи ја сопругата Горица со нејзината мајка и двата сина. Во куќата живееше и братот на Мана, Панче со двете ќерки, едната Лила, а за другата не се сеќавам и не и го памтам името. Куќата на Мана и Панче имаше два влеза, едниот од улицата „Петре Алчев”, а другиот од паркот.

До куќата на Мана и Панче беше куќата на познатото велешко семејство на Петре Алчев. Глава на семејството беше Петре со сопругата Филимена и синовите Трајко, Панче, Кочо и Благој. Сите тие работеа во столарскиот дуќан на Петре кој се наоѓал на Сармаале. Во столарската работилница се изработуваше мебел за дневни и спални соби, мебел за кујни и слично.

До Алчевци живееше уште една фамилија Алчеви, Томо со сопругата Родна, ќерката Цвета и синот Ацо.

Веднаш до нив се наоѓаше куќата на Мартулкови, на стариот Тодор, кој беше вдовец. Со него живееше ќерката Коцка која исто така беше вдовица. Таа живееше со нејзината ќерка Нада и синот Киро. Тодор Мартулков беше еден од сопствениците на втората фабрика за масло за јадење во Велес покрај онаа на Ѓошо Органџиев. Фабриката се наоѓаше на пругата што води кон Штип, под маалото подолу од куќата на Кирови на патот кон железничката станица. Во куќата на Мартулкови како потстанар живееше Стојан Крстев, инаку татко на позната македонска глумица Катерина Крстева. Крстев беше ученик во таканаречената реална гимназијата во Велес и беше еден од најдобрите ученици. Заради успехот во училиштето Стојан доби стипендија за школување на Воената академија во Белград од каде произлегуваа припадниците на Кралската гарда. Таму стана и офицер.

По куќата на Мартулкови беше куќата во која живееја двајца браќа, од кои едниот беше женет со Мара Коштанка. Тие имаа две деца, ќерката Нада и синот Миле. Другиот брат Јован имаше проблеми со здравјето на психичка база.

До нив живееше семејството на Коца, нејзиниот син грнчарот Ордан кого го нарекуваа „Мажето” со неговата сопруга Петранка. Тие немаа деца. Во куќата имаше работилница во која се произведуваа стомни, стомничиња, бардаци, тави и други глинени производи што Ордан ги продаваше на пазарот во Велес.

До нив живееше семејството Драскачеви. Сопственик на куќата беше Цанда која беше вдовица. Таа ја делеше куќата со ќерката Вера и зетот Димче кој потекнуваше од селото Фојница. Димче беше службеник во велешкиот суд. Жената на Димче беше прочуена шнајдерка во целиот град и неговата околина. Тие имаа четири машки деца. Заедно со Цанда и семејството на Димче живееја и неговите две сестри Драгица и Веска кои се школуваа во Велес.

По куќата на Цанда имаше една тесна куќичка во која живееше Таска и нејзината ќерка Пале која многу рано почина. Набргу по смртта на Пале во куќата се вселија други луѓе.

Во последна куќа на уличката „Петре Алчев” живееше семејството на еден полицаец кој одеше во цивилна облека и во маалото го нарекуваа „Пандурот”, неговата сопруга Доцка, синот Душан и ќерката Марика. Душан беше чевлар и имаше сопствен дуќан што се наоѓаше веднаш на почетокот на паркот, до алваџискиот дуќан на двајцата браќа од Призрен.

До куќата на полицаецот поминувал патот за „Дансинг салата”.

Реконструкција на распоредот на куќите во маалото „Крајот“ со трите улици „Краља Петра“, „Петре Алчев“ и „Церска“

Во долот по куќата на полицаецот и неговата сопруга Доцка имало две варници за производство на вар. Од тој дол по патека се одеше кон Којник.

На раскрсницата од улиците „Краља Петра” и „Петре Алчев” на аголот од десната страна била новата куќа на Шиколеви. Тоа беше најубавата куќа во маалото. Во неа живееше синот на Диме Шиколе, Трајко со првата, а потоа и со втората сопруга.

До куќата во која живееше Трајко Шиколе во улицата „Петре Алчев” беше куќата на семејството Драскачеви. Во семејството имаше две ќерки, Фанка и Менка. Фанка имаше ќерка Милена и син Страхил. Фанка беше мажена за Иво кој беше Хрват. Во куќата живееше и братот на Иво, Владо. Двајцата браќа заедно со велешанецот Анѓушев изградија фабрика за производство на ќерамиди во пределот по касарната, на почетокот на таканареченото Камено брдо. Втората ќерка во семејството Драскачеви, немаше деца.

До куќата на Драскачеви живееше семејство кое го сочинуваа домаќинот Стојан, сопругата Велика со двата сина, помалиот Стефан и постариот на чие име не се сеќавам, кој многу брзо се ожени и ја напушти татковата куќа. Заедно со нив живееше и внукот Бошко кој работеше во фурната што се наоѓаше на почетокот на горниот парк, раскажува велешанката Тодорческа.

До дворот на Стојан и Велика имало празен простор и една чешма со две чепурки со вода за пиење. На овој простор, малку погоре имало уште една чешма, што жителите на маалото ја нарекувале „солена чешма”, бидејќи од неа течела солена вода. Жителите на маалото водата од солената чешма ја користеле како техничка вода! Едно се знаело, жителите на „Крајот” со солената вода никогаш не вареа грав.

– Тука завршува десната страна на улицата „Петре Алчев”. Нагоре од ширинката со двете чешми имаше варница каде се печеше вар.

На главната улица „Краља Петра” на аголот со улицата „Петре Алчев” до куќата во која живееше Трајко Шиколе имаше ковачка работилница во која се произведуваа разни алатки, плугови и друга железна галантерија.

До нив беше куќата на семејството Теови, на Ристо и Невена кои имаа две ќерки, Благојка и Мара како и два сина Миле и Коле. Во долниот дел од куќата се наоѓаше шнајдерскиот дуќан сопственост на Ристо, кој рано се разболе од туберкулоза. Отпатува за лекување во Сурдулица, но таму почина. Бидејќи семејството немаше пари да го донесе во Велес неговиот гроб се наоѓа во Сурдулица, далеку од родниот Велес.

По куќата на Теови се наоѓа уште една ковачка работилница во која што работеа таткото Сокол Соколов со двајцата синови Киро и вториот на чие име не се сеќавам. Тие живееја на Сармаале, а доаѓаа на работа во дуќанот на „Крајот”.

По работилницата на Соколови имаше хотел со приземје и кат во сопственост на Сокол, неговите синови и ќерката Менка. Ќерката живееше на катот од хотелот. Менка беше мажена со Србин и го носеше презимето Ѓоргевиќ. Стана вдовица кога нејзиниот сопруг загина во железничка несреќа. Менка живееше со ќерките Јелена и Вера Ѓоргевиќ. Хотелот всушност беше бордел ,масовно посетуван од војниците од касарните.

До хотелот беше куќата на Јаневи познати уште и како Шандупови. Куќата имаше приземје и кат. На приземјето имаше колонијал во кој се продаваше разновидна стока. Куќата имаше два влеза од улицата „Краља Петар” и од спротивната страна, на улицата „Церска”. Куќата беше на Петар Јанев и сопругата Маца, како и синовите Славе и Николче. Славе беше женет со Деница од селото Крива Круша. Тие имаа четири деца Љубе, Марика, Петар и Блаже. Со нив живееше и братот на Николче кој управуваше со дуќанот. Подоцна тој се ожени со Велика од село Стариград со која имаше две деца, машко и девојче.

На крајот беше куќата на Перко Јанков, наречен Чингенето, прекар што го добил од турците, со сопругата Сава и синовите Трајко и Ѓошо, како и ќерките Василка и Павлина.

Во 1928 година куќата и дворот беа поделени на два еднакви дела. Во едниот дел од куќата живееше семејството на Трајко, а во другиот семејството на Ѓошо.

Ќерката на Перко, Василка била мажена за велешанец и живееше во Житковац бидејќи нејзиниот сопруг како полициски чиновник таму беше распределен на служба. Таа починала за време на породувањето на своето петто дете. Инаку таа ги има синовите Ацо и Живко и ќерките Вера, Љуба и Василка на чие породување и умрела. Павлина, втората ќерка беше мажена во Скопје за скопскиот златар Петар Капетанов. Тие имаа две ќерки Невена и Вера и еден син Киро. Невена беше мажена за Митре Петрушев, исто така познат златар во Скопје.

Трајко се ожени со Марија Чонтева и имаа една ќерка Сава. Ѓошо се ожени со Ружа Симсарова и имаа една ќерка Павлина. Трајко почина во 1930 година, на 45 годишна возраст. Под куќата на Јанкови имаше два дуќана, едниот на Ѓошо, а другиот на Трајко. Но, работеше само дуќанот на Ѓошо со дејност трговија на големо за брашно и житарки. Ѓошо во дуќанот бил ортак со Петре Чадиев.

Интересно е да се спомене дека жителите од маалото со вода се снабдувале од маалската чешма. Единствено семејствата Мартулкови и Јанкови имале чешми во своите дворови. Во дворот на семејството Мартулкови имало слатка вода. Кај двајцата браќа Трајко и Ѓошо водата била солена. Тие заеднички направиле каптажа или мал резервоар во ридот и со цевки под улицата „Церска” спровеле водовод со чешми во двата двора.

До куќата на Јанкови поминуваше пат, покрај главниот влез на горната касарни, на патот за турската воена болницата, сега дел Општа болница Велес и населбата Којник.

На десната страна на улицата „Краља Петра” по долниот парк имаше куќа на семејство што беше нарекувано „селаните”. Куќата беше со приземје и кат. Во приземјето имаше колонијална продавница во кој можеше да се купи разновидна стока за широка потрошувачка. Повеќе детали за ова семејство не би можела да кажам, вели Савка Тодорческа.

До нив се наоѓаше куќата на семејството Љуткови. Тодор и Ката Љуткови кои имаа пет деца Панче, Блаже, Пецо, Лена и Љубе. Ката Луткова беше прочуена шнајдерка која шиеше за селаните од околните села и градот Велес. Во дворот на куќата се влегуваше од две страни, од главната улица и од спротивната кон улицата „Алексо Демниевски- Бауман”. Подолу поминуваше железничката пруга за Штип. Тука беше и фабриката за масло на која еден од сопствениците беше Тодор Мартулков.

Потоа имаше уште една куќа чиј сопственици не ми се познати и на кои не се сеќавам. Куќата во ориентациониот план го има бројот 27.

До оваа куќа имаше празен простор и почнуваа шест различни занаетчиски работилници и дуќани, таканаречени маази.

По дуќаните на аголот на улицата „Краља Петра” и патчето што водеше до влезот на долната касарна имаше киоск во кој се продаваа цигари, тутун, хартија за виткање цигари и кибрити. Во него работеше Димко кому му го дадоа прекарот „Страчката”.

По патчето надолу, од левата страна беше главниот влез на долната касарна.

Тука завршуваше велешкото маало „Крајот”. Улицата „Краља Петра” продолжуваше на стариот пат за Прилеп низ тунелот, вели Савка Јанкова-Тодорческа, завршувајќи ја приказната, за едно маало, во еден град и за едно време кое одамна, многу одамна е поминато.

Јосиф Џочков, новинар во пензија

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด