Првото новороденче во Велес е Даниел Ристов
На одделението за гинекологија и акушерство,утрово, во 5 часот се роди првиот жител на Велес во новата 2017 година. Бебето е машко, се вика Даниел, тешко е 3.370 килограми и долго е 52 сантиметри. Даниел е прва рожба на триесет и едногодишната мајка Тања и нејзиниот сопруг Александар Ристови од Велес.
-Даниел е роден со нормало породување. Тој е здраво родено бебе и со неговата мајка Тања се чувствуваат добро, рече д-р Соња Димова специјалист по гинекологија.
Даниел и Тања денеска ги посети градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев и им ја предаде традиционалната парична награда на општината.
Во првиот ден од новата година на ова одделение во велешката болница се родени уште две машки бебиња. Мајката на едното од нив е од Горно Јаболчиште додека на другото е од Свети Николе./У.Ј