Реакција на Здравствениот дом Велес на текстот „Викендов драстично зголемен бројот на интервенции во Брзата помош во Велес“
„Во Здравствениот дом во Велес се вработени 15 лекари. Од нив осум работат во Итната медицинска помош. Останатите седум лекари се вработени во Медицина на труд, во детска превентива и во школска превентива. Поточно двајца лекари во првата или службата за медицина на труд, тројца во детска превентива и двајца лекари во школска превентива. Тоа значи дека не е точен бројот од вработени 34 лекари во Здравствениот дом во Велес, реагираше денеска директорката на Јавната здравствена установа,д-р Тања Самаракова.
Бројката која е предмет на реакцијата на Самаракова е дел од изјавата на претседателката на Здружението на приватни лекари, д-р Лилија Чолакова Дервишова, во текстот со наслов „Викендов драстично зголемен бројот на интервенции во Брзата помош во Велес“ објавен на Дума.мк во понеделникот на 26 декември.