Поднесена кривична пријава против велешанецот Б.Ш за кривично дело „убиство“
Објавено на 7 декември, 2016 во 15:51
„Секторот за внатрешни работи во Велес поднесе кривичнa пријавa против Б.Ш. (31) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Од Судија на претходна постапка на истиот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Пријавениот на 05.12.2016 година на ул. „Васил Ѓоргов“ во Велес со неколку истрели од пиштол марка „Застава ТТ“ калибар 7,62 мм го застрела Т.К (43) од Велес, по што истиот починал“, пишува во соопштението на СВР Велес објавено на сајтот на МВР.