Се пензионира Командантот на Командата за обука на АРМ Костовски
Командантот на Командата за обука и доктрини при касарната Алкексо Демниевски Бауман во Велес, полковник Љупчо Костовски ја предаде должноста и замина во пензија. По осум години на чело на оваа институција, тој достоинствено го круниса својот професионален ангажман во Армијата на Република Македонија. Денеска се збогува со своите соработници и персоналот на командата, а на неговите заменици им посака успех во работата во иднина.
– Во текот на мојот ангажман, сите овие години имаше и убави и лоши моменти Би сакал недвосмислено да кажам дека доколку некој се нашол погоден од некоја моја одлука или сум погрешил, тоа во никој случај не било со намера или нешто лично туку било сплет на околлности во кој сум донел таква одлука. На идните команданти на командата за обука и доктрини им посакувам успех во се она што јас не го постигнав како и воведување на нови содржини кои до овој момент сме ги гледале како приоритети или пак ни требало време да созрееме и да сфатиме дека ни требаат, рече Полковник Костовски.
Пензионирањето е чин кој претставува круна на една долгогодишна успешна кариера, рече заменик началникот на Генералшатбаот на АРМ, генерал мајор Мухамед Рацај. Тој од името на Генералштабот му го честита пензионирањето на Костовски и му посака долг живот и мирни пензионерски денови.
– Полковникот Љупчо Костовски со својата војничка кариера и со својот труд и залагање извршуваше голем број одговорни должности. Сите нив ги извршуваше совесно и одговорно за што е пофален и наградуван, а со тоа придонесе за развој на командата со која раководеше и командуваше. Посебно му се заблагодаруваме за неговиот професионален и човечки однос кон сите нас, рече генерал мајор Рацај.
На свечената церемонија во чест на пензионирањето, на Костовски му беше предадено и знамето на Република Македонија.
Должноста во командата за обука и доктрини ја презеде заменик командантот.
Даниела Саздова