Триесет и шест годишна велешанка пронајдена е мртва во станот во Лондон
Девојката била пронајдена изминатиов вторник. Потоа им било соопштено на нејзините родители во Велес. Македонката која им ја соопштила трагичната вест на родителите на девојката не знаела што се случило претходно. Таа кусо им кажала дека нивната ќерка е однесена на обдукција од чии резултати ќе се утврди причината за смртта.
Станува збор за девојка која петнаесет години работела и живеела во Лондон. Таа често доаѓала во Велес. Последен неа ја видел нејзиниот татко кој бил да ја посети во Лондон пред еден месец.
Денеска Министерството за надворешни работи на Република Македонија немаше информација за овој трагичен настан. Од таму ни соопштија дека оствариле контакт со Амбасадата на Република Македонија во Велика Британија и сега очекуваат информации за трагедијата. Штом ги добијат рекоа дека ќе ги соопштат.
Убавка Јаневска