„Споменик на иселените“ нова инсталација на „Ние одлучуваме“ во Велес
Нова инсталација „Споменик на иселените“ денеска беше поставена пред УЈП во Велес. Споменикот го симболизира загрижувачкиот број на исселени млади од Велес и државата.
Нема семејство или поединец кој не тагува по заминатото чедо, роднина или пријател во белиот свет во потрага по подобар живот. Затоа инсталацијата на граѓанската акција „Ние одлучуваме“ повикува „Излези за да ги вратиме“. Но исто како и вчера така и денеска на местото на настанот пристигна комуналниот редар на општината и им побара на активистите дозвола за поставување на инсталацијата. Тој се повикал на анонимна пријава од граѓани.
Граѓанските активисти и денеска го делеа весникот „Ние одлучуваме, бараме промена, можеме подобро“ меѓу граѓаните. Акцијата има за цел да ги поттикне да излезат на гласање и по своја волја и убедување да го остварат своето уставно загарантирано право./Д.С