Несовесни велешани ги убиваат дивите птици на езеро Младост
Ги каменуваат а имаше и случаи на застрелување, мислам со пиштол на две диви патки во водата на велешко езеро Младост. Бидејќи подолго време престојуваме таму сме виделе разни ситуации кога граѓани не совесно се однесуваат кон овие птици. И не само кон овој вид туку и кон останатите видови како патки, шатки и гуски. Секоја чест на граѓаните кои што доаѓаат и им носат леб па за парчињата што им ги даваат овие диви птици излегуваат од водата и многу често ги има на крајбрежјето на езерото. Голем дел од нив се припитомени и не можам да разберам зошто некому треба да послужат како мета за огнострелно оружје, рече загрижен велешанец.
Тој не е единствен кој што потврди дека неколкуте видови на диви птици кои ја разубавуваат глетката на езерото се цел на изживување. Слични приказни можат да се слушнат и од граѓаните кои живеат во популарно наречената „сателитска населба“ , позади хотелот и мотелот на езерото. Повеќето од нив ги слушнале истрелите но засега само еден граѓанин говореше дека ги видел двете убиени патки во водата на езерото. За жал не успеал да ги идентификува стрелците кои му избегале со автомобил со велешки регистарски таблички. Неговата намера да ја раскаже оваа приказна е да го спречи понатамошното угинување на припитомените птици.
Ќе успее ли сам без поддршка на останатите граѓани во намерата да ја разбуди заспаната совест на неодговорните и несовесни луѓе го прашавме првиот велешки екологист д-р Ненад Коциќ. Засега во Е.Д. Вила Зора не заѕвонил телефонот и тие не добиле повик за ваква немила случка.
– Би пратиле еден апел до граѓаните да се однесуваат малку поцивилизирано , не сме среден век кога луѓето ги убивале животните на најкрволочен начин, има поцивилизиран и покултурен начин да се одјде до месо. Тоа што се убиваат птиците е крајно разочарувачко, посебно за велешани кои што важат за луѓе со висока еколошка свест и најголеми поддржувачи на борбата за здрава животна средина, рече д-р Коциќ.
Екологистите на Вила Зора најавија дека ќе бараат поголема контрола на терен од страна на рибочуварите на риболовното друштво „Руен“. Исто така втија дека и тие почесто ќе одат на велешко езеро се со цел да надгледуваат и спречат угинување на ретките видови птици кое според нив претставува криволовство и казниво со закон./У.ј