Помалку разводи и бракови во Велес годинава
Сто четириесет и три партнери од Велес го прекинале брачниот живот за единаесетте месеци од годинава. Од основниот суд информираат дека бројот на раскинатите бракови годинава е помал во однос на истиот период минатата година. Лани се развеле 159 брачни партнери.
Главни причини за бракоразводите се невработеноста на брачните парови и тешката социјална состојба. Дел од нив спогодбено се реазвеле пред се поради заминување на еден од партнерите за работа во странство. Поголем број од разведените се со подолг брачен стаж, што досега не било пракса повозрасни парови да се разведуваат. Статистичките податоци покажуваат дека во минатото најчесто се разведувале млади парови кои штотику стапиле во брак. Како една од главните причини за развоид според психолозите и социолозите е и социјалниот статус на брачните партнери.
– Ако еден од брачните парови е со повисоко образование и ако напредува во кариерата се јавува љубомора кај другиот и тогаш се случува нетрпение кое на крај резултира со развод. Во последно време тоа е една од најчестите причини за разделба на брачните парови. Секако не треба да се исклучи и неверството на еден или пак на двајцата брачни другари, потоа миграцијата која многу често ги разделува партнерите, рече психологот Асен Прличков.
Инаку, за истиот овој период, во Велес склучени се триста триесет и седум бракови, нешто помалку од лани./Д.С