Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Нацрт програмата за заштита на животната средина предизвика најголем интерес кај присутните на вчерашната јавна расправа по сите тринаесет програми за работа на локалната самоуправа за следната година. Претседателот на Еколошкото друштво Вила Зора, д-р Ненад Коциќ праша дали општината ќе преземе конкретни чекори за фиторемедијација односно деконтаминација на велешката почва и дали во програмата за следната година се предвидени финансиски средства за оваа намена.

Градоначалникот Чадиев одговори дека општината е подготвена да соработува со нив и преку проекти од ИПА фондовите и Европските фондови ќе се обиделе да овозможат деконтаминација на поголема површина од загадената почва со тешки метали. Жители на улица Енгелсова три во Нова населба пак се обидоа да го објаснат проблемот со зрачењето на антената на мобилен оператор поставена врз една од зградите. Побараа од надлежните да реагираат и да преземат конкретни мерки за отстранување на антената за која велат дека е опасна по нивното здравје особено по здравјето на децата.

Депониите на патот пред Раштанските гробишта како и во село Оризари исто така беа теми на кои граѓани реагираа и бараа поголема агилност на Јавното комунално претпријатие Дервен. Сите овие предлози, сугестии и идеи на граѓаните, претставниците на граѓанските здруженија и невладиниот сектор ќе бидат разгледани а дел од нив ќе бидат вметнати во конечните предлог програми за работата на општината во 2017 година. Тие ќе се најдат и на дневен ред на наредната седница на Советот на општината.

Инаку на вчерашните јавни расправи беа презентирани сите нацрт програми кои се однесуваат на уредување на градежното земјиште, урбанистичките планови, програмата за локалниот економски развој,комуналните дејности, поддршката на невладиниот сектор, културата и спортот и други./Д.С

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново