Граѓаните да ги добијат уплатените огревни дрва, повторно бараат од СДСМ
Ниту по две недели нема реакција на нашиот повик до ЈП Македонски шуми подружница Бабуна преку медиумите во која побаравме одговор зошто се уште на граѓаните на Велес не им се испорачуваат платените огревни дрва, се пожалија и денеска од СДСМ. Портпаролката Весна Стојанова Богоевска повторно реагираше на молкот на одговорните во јавното претпријатие во услови кога дрва не добиле дел од граѓаните што си ги платиле.
– Незадоволството на велешани од лагите и манипулациите на директорот кој е воедно и секретар на Општинскиот комитет ВМРО-ДПМНЕ Велес, кулминираше поради што мораше да интервенира и велешката полиција за да не дојде до поголем инцидент, рече Стојанова Богоевска.
СДСМ не отстапува од инсистирањето Македонски шуми веднаш да им ги достави потребните количини на дрва за кои граѓаните му платиле на јавното претпријатие../У.Ј