Скоро 1.800 велешки пензионери искористиле владини поволности
Голем е бројот на пензионери од Велес кои искористиле поволности од владините проекти, соопштија денеска на прес конференција во О.К на ВМРО ДПМНЕ. Според Каролина Попова тоа е така поради тоа што грижата за пензионерите е приоритетна за Владата на Република Македонија.
– Според податоците од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, 1.664 пензионери од велешкиот регион ги искористиле услугите во проектот за „Бањско-климатска рекреација“. Дополнително, проектот „Бесплатен туристички викенд“ го искористиле вкупно 134 пензионери од Велес кои одмарале во Охрид, Дојран, Струга, Преспа, Берово и Крушево, рече Попова.
Таа потсети дека просечната пензија од 2006 година до сега се зголемила за над 70 проценти, а најниската пензија за 90 отсто и во исто време најави дека од следниот месец пензијата повторно ќе биде зголемена за 5 проценти.
Од ВМРО ДПМНЕ исто така потсетија дека се реализираат и останати проекти за подобрување на животот на пензионерите, како што се намалувањето на цените на лековите, бесплатниот јавен превоз во одредени денови,бесплатен викенд за стари лица за превоз во железничкиот сообраќај, отворањето центри за дневен престој на пензионерите./Д.С