Кочанчанец продавал екстази во Велес
Дваесет и шест годишниот Т.М. од Кочани е осомничен за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори. На 23 март годинава во влез на зграда лоцирана на улица „Славко Ѓорѓиев-Сватот“ во населба Тунел во Велес, полицијата го претресла и кај него пронашла 36 таблети екстази.
Пред полицијата се правдал дека таблетите ги купил од непознато лице од Благоевград во Бугарија за 60 лева. Потоа на телефон му се јавила велешанката Д.Л. и се договорила да му ги купи таблетите и за секоја од нив да му плати по 300 денари. Требало да и донесе 36 таблети.
Полицијата извршила претсрес и во домот на С.Л. пронашла три таблети екстази и едно пакување со тревкаста материја. Велешанката пак во разговорот со полицијата рекла дека таблетите ги купила од друго лице од Кочани со иницијали Т.Н. додека марихуаната ја купила од велешанецот А.Н. Од извршеното вештачење на одземените предмети било утврдено дека се работи за марихуана во количина од 1, 29 грама, три таблети амфетамин одземени од С.Л и 36 таблети одземени од Т.М.
Против дваесет и шест годишниот Т.М од Кочани СВР Велес поднесе кривична пријава. /Д.С