Натпревар на млади библиотекари во локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес
Основци од дваесет и пет училишта од исто толку општини во Македонија денеска во локалната библиотека Гоце делчев, се натпреваруваа на тема млади библиотекари. Тие има за задача да одговорат на 25 прашања кои се однесуваа на историјата на библиотекартсвото и стручното работење на библиотекарите. Натпреварот го организира Здружението на библиотекари на Македонија.
– Библиотекарството е една од најстарите науки. Со создавањето на писмото се создало и библиотекарството. Самото писмо ја наметнало потребата од класифицирање на документите напишани на плочки, коски и друго. Младите сакаме да ги насочиме кон еден многу битен дел на денешнава ситуација кога тие се повеќе на интернет, а книгата за жал почнува да изумира. Тоа е многу голема грешка бидејќи податок што ќе го најдат во книгата е најточен и најсигурен, додека интернетот може да понуди петнаесет различни одговори за едно исто прашање. Затоа настојуваме да ги вратиме на книгата и да читаат, рече претседателот на Здружението на библиотекари Благој Николов.
Инаку ова е седумнаесетиот по ред натпревар на млади библиотекари што традиционално се одржува во велешката библиотека./Д.С