Двајца Oризарци нападнале полициска службеничка во Велес
Објавено на 14 октомври, 2016 во 13:20
Двајца жители на велешко село Горно Оризари, нападнале службеничка од полициската станица за безбедност на патишта и сообраќај. Нападот се случил утрово во пет часот на улица Илинденска, кога полициската службеничка вршејќи ја својата должност, констатирала прекршок од страна на триесет и пет годишниот А.К. кој управувал мопед од непозната марка.
Со него се возел и триесет и четири годишниот А.К. Кога им дала знак да го запрат мопедот, истиот продолжил со движење, но застанал на улицата Илинденска. Им побарала документи но тие почнале да ја навредуваат, ја влечеле за униформата и ја удирале.
Од СВР Велес се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот./Д.С