Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Згасна и Жито Вардар во Велес, еден од најголемите производители на леб, месо и други прехрамбени производи во државата. Доверителите на рочиштето што се одржа во Основниот суд во Велес едногласно одлучија, компанијата да биде ликвидирана. Целиот движен и недвижен имот на Жито Вардар ќе се продава во најскоро време, и тоа во пакети. Според проценката на експертите, вредноста на велешката фабрика е осум милиони и осумстотини и педесет илјади евра. Дури 90 отсто од имотот е под хипотека како залог кај банките. Нивни претставници на рочиштето се изјасниле, подмирувањето на обврските кон нив да биде извршено по рамна постапка со цел да се запази целовитоста на имотот со кој располага фирмата.

- По извршената проценка на целокупниот движен и недвижен имот доверителите на собранието донесоа одлука предност за подмирување на обврските , според Законот, да имаат хипотекарните побарувачи, рече стечајниот управник Ацо Петров.

Доверителите го задолжија стечајниот управник во најскоро време да распише оглас за продажба на имотот на Жито Вардар.

Во комбинатот некогаш работеа повеќе од 470 работници, само во погоните во Велес, а најмалку уште 400 работеа во живинарските и свињарските фарми во другите градови во земјата, како и во фабриката за добиточна храна во Градско. Во минатото, во пекарата на Жито Вардар дневно се произведуваа над 25 илјади леба. Во млинот се мелеше над 10 илјади тони пченица, а во фабриката во Градско се произведуваа над 50 илјади тони добиточна храна. Од сопствените свињарски фарми, фабриката ја снабдуваше Македонија со свинско месо со повеќе од 50 проценти.

Стоилко Андреевски

Даниела Саздова

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново