Дополнителен заменик министер Александар Кирацовски во Велес на трибина во Велес
На партиска трибина со тема „Мотивирана администрација“ разговараа во средата вечер дополниот министер за информатичко општество Александар Кирацовски и членовите, симпатизерите како и вработени во јавната и државната администрација во Велес. На трибината организирана од општинската организација на се дикутираше за состојбите, проблемите и предизвиците на јавната и државната администрација со кои тие се соочувале во изминатиот период.
– Искуството говори дека административните работници, вработените во јавниот и државниот сектор се сочуваат со партиски притисоци и уцени поттикнати од оваа ненародна власт , а кон тоа да ја додаеме и неможноста за унапредување со што вработените се демотивирани, повлечени и потиштени. На Македонија не и треба уценета и исплашена администрација туку граѓаните во државата имаат потреба од мотивирани административни службеници. За тоа да го постигнеме потребен е содветен кариерен систем, кариерен модел во јавниот сектор што ќе биде надвор од партиско-политичките влијанија. Тоа е систем во кој што еден вработен во администрација што знае, умее и сака да работи ќе биде мотивиран со соодветен надоместок и преку можност да напредува во кариерата без разлика на неговата партиско политичка, национална или верска припадност. Токму на таа тема ние денеска разговараме во Велес, рече Кирацовски.
Дополнителен заменик министер за информатичко општество, го запрашавме како планира СДСМ да се справи со преголемиот број на вработени административци во изминатите 25 години за кои впрочем реагира и Европа.
– Во самата администрација, во јавниот сектор, од моето искуство сфатив дека можеби нема потреба од намалување на овој број. Потребна е само содветна реорганизација. А во однос на департизацијата дојдов до заклучок дека големиот број од вработените во јавниот сектор, по одредено време од нивното вработување, дури и да се вработени со партиска книшка, сакаат да се однесуваат професионално и сакаат сами да се департизираат. Прашање е само дали политиката ќе им го овозможи тоа. Новата Влада после 11 декември ќе им го овозможи да се однесуваат како професионалци а не како партиски војници, рече Кирацовски.
Убавка Јаневска
Даниела Саздова