Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

„Ако продолжиме масовно да ги сечеме дрвјата, научниците утврдиле дека за четири години ќе станеме суво подрачје. Земјоделието ќе ни се сведе на минимум поради ефектот пепел и ќе трпиме огромни последици“. Вака денеска  екологистите од ЕД „Вила Зора“ го пренесоа својот и револтот на граѓаните поради масовното сечење на дрвјата од јавните површини во градот на денешната трибина во општина Велес. Тие на едно место ги собраа најповиканите, локалните власти, одговорните на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ , Шумското стопанство „Бабуна“ и општинскиот инспектор за екологија. Од нив побараа да се воведе мораториум за сечење на сите млади и здрави дрвја во градот се додека не се направи план за нивна замена. Затоа што според нив новозасаденото дрво не може да ја има функцијата како повеќегодишното дрво.

„Во изготвувањето на овој план освен локалните власти треба да учествуваат месните и урбаните заедници, експерти и заинтересирани невладини организаци и граѓани. Тоа значи замената на дрвјата да не биде со нивно акутно соголување туку со постепено заменување на одреден временски период на дрвјата што дотрајале со нови. На тој начин би ја одржале нивната основна функција на зелените површини а тоа е намалување на нечистиот воздух , давање на сенка, и секако нивната главна функција прочистување на воздухот особено во зимскиот период кога имаме екстремно загадување, и Велес се наоѓа меѓу првите пет градови по загаденост“, рече претседателот на ЕД „Вила Зора“, Ненад Коциќ.

За сечењето на дрвјата од јавните површини во градот, особено за последната акција кога пред Здравствен дом беа исечени осумнаесет дрвја, крајно изреволтирано, на денешната трибина изреагираа граѓани, активисти и планинари. Тие од одговорните побараа во иднина да се занимаваат со квалитет а не со квантитет.

„Цело време бев присутна додека се сечеа дрвата пред уред. Навистина беше жално да се исечат такви дрва,на граѓани што поминуваа и беа сведоци им се плачеше. Значи не е важно дали во замена за тие осумнаесет дрва ќе се насадат двојно повеќе туку важно е што тие нема да ја имаат истата финкција како десет, дваесет и повеќегодишните дрвја. Дајте да мислиме малку на иднината на нашите деца на кои треба да им оставиме здрава животна средина“, рече активистка и граѓанка на Велес.

Одговорните се оправдаа, велат дека работат по програмата за зеленило во законски рамки. Ги прифаќале укажувањата и предлозите на еколошките здруженија но истовремено ги повикаа да учествуваат на јавните расправи за подготвување на програмата за зеленило. Мораториум нема да воведат туку само ќе направат катастар на сите дрвја во градот и стручни лица ќе одредуваат кои од нив ќе се сечат а кои не.

„Безбедноста на граѓаните е приоритет број еден. Ние знаеме дека имавме и несакан случај кога дрво и тоа од приватен имот падна и усмрти човек. Кога ќе имаме целокупен катастер ќе знаеме каде треба да се сече а каде не. Мораториум не може да има кога безбедноста на човекот е во прашање“, рече градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

И екологистите и локалните власти на крај се согласија дека на општината и треба развоен план за подигнување на зеленило на сите јавни површини и на голите ридови околу градот. Само на тој начин велат тие, велешани ќе дишат чист воздух и ќе јадат здрава храна.

Даниела Саздова

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново