Интерактивни средби со велешани за користење на веб апликацијата „Приоритети“
Преку директни средби со граѓаните на Велес, Фондација Фокус ја промовираше веб алатката www.prioriteti.focus.org.mk на која тие ќе можат да ги доставуваат своите предлози и можни решенија. Вработените на Фокус на лице место им објаснуваа на заинтереесираните граѓани како можат да влезат на веб апликацијата и да го вметнат својот предлог. Таму тие можат да го напишат својот предлог, да стават фотографија или пак видео за одреден проблем.
Фондација „Фокус“ изработи упаство за користење на интерактивната алатка и истото го подели на граѓаните со цел да ја доближи апликацијата до што е можно поголем број од нив.
Освен во Велес, Фондација Фокус вакви средби со граѓаните ќе организира и во општините Чашка, Градско и Лозово. И на жителите на овие општини ќе им бидат поделени флаери со упатство за користење на веб алатката на Фокус, на која ќе можат да ги достават своите приоритетите од локалната заедница во која што живеат./Д.С