Земјотрес во Велес
Точно во 15 часот и 10 минути силно се стресе тлото под Велес. Земјотесот траеше неколку секунди, беше проследен со силна бучава и нишање од една кон друга страна, пишуваат вознемирени граѓани на своите фејсбук профили. Граѓаните кои живеат во куќи излегоа надвор, на маало, сокак и улица. Жителите од зградите останале дома. Вознемирени се сите.
Според официјалните првични информации земјотресот е регистриран на 7 километри источно од Скопје, бил со јачина од 5.1 степен според Рихтеровата скала и на длабочина од 2 километри.
Потврдено е дека земјотресот се случи во 15:10 минути.
Најсилно земјотресот го почувствуваа скопјани кои ги напуштија домовите.
Ова е трет посилен земјотрес што денеска го поувствуваа граѓаните на главниот град. Во Велес, утринските потреси, ги почувствувале само жителите на повеќе катниците како и граѓаните кои живеат на повисоките делови од градот./ У.Ј.