Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

По пријавата за нарушување на јавниот ред и мир, од жителите на улицата Никола Оровчанец во велешката населба Дворови, полициски службеници направиле контрола во куќата со број 35. Во моментот на проверката на разурнатата куќа не затекнале ниту едно лице и констатиорале дека станува збор за напуштена куќа, се наведува во писменото соопштение на СВР Велес. Од таму апелираат граѓаните штом забележат нарушување на јавниот ред и мир веднаш да пријават во полиција за да може проблемот час поскоро да се реши.

Граѓаните кои живеат во соседните и околу напуштената и разурната куќа се уште стравуваат за својата безбедност. Бараат полицијата да ги заштити од непознатите луѓе, кои според нив, често влегувале во куќата. Се сомневаат дека станува збор за корисни на дрога што дополнително им влева страв. Тие велат дека „посетителите“ во куќата најчесто влегувале преку отворените дупки на покривот и на ѕидот што го оградува дворот, но за влез во трошната куќарка ја користеле и влезната дрвена порта. На неа вчера имаше катанец, но претходно велат соседите, тој бил скршен./Д.С.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново