Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Вкупно 13 илјади денари собра Фондација за локален развој и демократија Фокус од Велес во акцијата за собирање парични средства за упис на студент од социјално немоќно семејство. На некој од државните факултети Фондацијата ќе запише еден студент. Затоа денеска ги повикува матурантите од градот, кои потекнуваат од социјално немоќно семејство, да ги достават потребните документи во просториите на Фондацијата, што се наоѓаат на улица Солунска 2А на Сармаале , поточно спроти менувачница Североф.

„ Ако годинава веќе го запишуваме четвртиот студент за наредната година си поставивме повисока цел, да успееме да запишеме најмалку двајца студенти. Наша цел е да дадеме можност да се образуваат што поголем број на ученици кои потекнуваат од социјално немоќни семејства.  Исто така сакаме да поттикнеме што поголем број на граѓани, донатори или претставници на бизнис заедницата. Со оглед на нивните поточно потребите на фирмата, доколку се појави студент кој ќе се запише на факултет како потребен кадар тогаш ќе го мотивираме сопственикот на таа фирма да го стипендира и понатаму студентот, бидејќи ова се средства со кои што нему му се гарантира една година од школувањето. Тоа ќе значи дека по дипломирањето студентот ќе пронајде работно место во компанијата која што го стипендирала“, рече директорката на Фондација Фокус, Убавка Јаневска.

Тричлена комисија составена од истакнати педагози, пензионирани професори и поранешен студент, ќе одлучи на кој студент ќе му биде доделена финасиската поддршка.

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи: копија од свидетелство за завршено средно образование и копија од документ за положена државна матура, потврда за исплатена последна месечна плата на семејството на кандидатот за студент или документ за примање на социјална помош како и потврда од Агенцијата за вработување доколку никој во семејството не е вработен.  Кандидати треба да имаат завршено четврта година средно образование со одличен успех, да ја положиле државната матура со високи оценки, да се запишани на еден од државните факултети и да потекнуваат од социјално немоќно семејство.

Потребните документи ќе се доставуваат во просториите на Фондација Фокус од утре, секој работен ден од 08.30 до 16.30 часот. Рокот за пријавување е до 14 септември 2016 година.

Даниела Саздова

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново