Исчезна четириесет и петгодишниот Робертино Чонтев
Објавено на 31 јули, 2016 во 16:14
Семејството, поточно мајката на Робертино веќе една недела, со помош на роднини и пријатели, го бараат синот кој последен пат од домот излегол пред една седмица. Робертино е висок 170 см, и е роден во 1971 година. Тој на 24-ти овој месец од дома излегол со возило марка Рено 9, металик сина боја, по што му се губи секаква трага.
Робертино Чонтев е вработен во Министерството за одбрана.
Случајот е пријавен во полиција. Мајката Милица Чонтева, бара помош од граѓаните што имаат каква било информација поврзана со нејзиниот изчезнат син да пријават на телефонскиот број 075/ 66 83 60.