Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Се буди јавноста, се зголемува свеста кај граѓаните, излегуваат на улица и јасно и гласно го искажуваат својот став за моменталната спстојба во која се наоѓа државата. Но паралелно со тоа се зголемува и притисокот, заканите и заплашувањата на оние од кого народот бара одговорност и отчетност, беше речено на денешната работилница, „Слобода на изразување и демократија наспроти автократија“, организирана од НВО Инфоцентарот и Хелсиншки комитет.

На работилницата беа спомнати неколку примери на притисоци и закани на личности кои јавно го искажале својот став за одреден проблем во средината во која живеат, работат или се образуваат. Презентиран беше примерот со средношколските протести во Велес минатата година кога според Владо Смилев од Друштвото на родители за грижа за здраво поколение, голем број средношколци кои биле во кругот на Гимназијата, сепак не присуствувале на протестот, туку од страна посматрале што се случува. Според него така постапиле само за да ги заштитат нивните родители. На дебатата исто така беше презентиран случајот со средночколката од Велес Илина Димовска, која лани се соочи со намалено поведение само затоа што јавно на социјалните мрежи го обелодени својот став во врска со бркањето на учениците кои не носеле униформа на настан организиран надвор од училиштето.

Класичен пример за притисок беше презентиран и од новинарката Убавка Јаневска која на настанот во врска со опожареното возило на командирот на полицијата, полициски службеник и рекол да ги избрише фотографиите што таа ги направила додека ја извршувала својата професионална обврска. Интересен беше примерот и на активистот на Граѓанското здружение Ленка и претседател на ЕГ Грин Пауер. Тој како активен поборник за здрава животна средина во минатото се соочи со тужба од страна на тогашниот сопственик на Топилницата Тони Димковски затоа што на прес конференција го покажа и посочи Димковски и рече дека тоа е човекот која сака во иднина да ги труе велешките деца. На крај правдата излезе на површина, судскиот процес заврши во полза на Смилев, кој освен што му беше побарано јавно да се извини требаше да плати парична казна во висина од 20 илјади евра.

Да се зборува гласно за важноста на слободата на изразување и слободното здружување е целта на работилниците на кои се дебатира на овие теми. Освен во Велес , НВО Инфоцентарот и Хелсиншки комитет одржаа работилници на оваа тема и низ други градови низ државата. Не случајно темата е поврзана со актуелните настани од протестите на Шарената револуција, од кои како што велат секојдневно добиваат разни пријави за притисоци и закани.

„Секојдневно Хелсиншкиот комитет добива разни пријави, постои страв од страна на луѓето кои што се вработени во државната администрација и јас многу често на овие работилници го поставувам прашање тоа прашање бидејќи токму таа група на граѓани се најзагрозени затоа што трпат закани и уцени по нивната егзистенција. Она што го забележавме досега е дека  главните актери на Шарената револуција секојдневно се цел на притисоци и приведувања од страна на власта и дека не постои веќе страв по однос на тоа прашање барем за оние кои што активно учествуваат“, рече Уранија Пировска од Хелсиншки комитет.

„Во Македонија во изминативе две години имаме засилена граѓанска активност, граѓаните се на улица, ја поминаа онаа точка на страв на апатичност и бараат промени, бараат правда и владеење на правото. Исто така бараат сите оние кои што направиле криминал да одговараат во власта. Така да од една страна имаме слобода на изразување на здружување но од друга страна го имаме апаратот на власта кој на најразлични начини се обидува да врши притисок и закани и на некој начин ги ограничува правата на граѓаните“, рече Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.

Освен што се обидува преку работилниците да ја подигне свеста кај граѓаните да ги соопштуваат своите ставови и проблеми, Хелсиншки им нуди и бесплатна правна помош на оние кои трпат последици од Власта за слободоумна идеа, активизам како и учество на протести.

Од почетокот на протестите досега четворица активисти на Шартената револуција беа во куќен притвор а повеќе од дваесетмина биле повикани на информативни разговори и им се изречени прекршочни казни. /Д.С

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново