Лани исправна водата за пиење само од градскиот водовод, а годинава?
Исправна за пиење била само водата од градскиот водовот, така покажуваат анализите на Центарот за јавно здравје во Велес, направени во 2015 година. Здрава за пиење била и водата во селата кои се приклучени на градскиот водовод. Лекарите предупредувале за природните чешми во градот и околината. Од направените анализи на 70 примероци е констатирано било дека сите се бактериолошки и хемиски неисправни. Кај некои од нив забележана била висока концентрација на нитрати и матност над максимално дозволените граници.
Во извештајот на Центарот за јавно здравје за 2015 година стои дека небезбедна за пиење е и водата од селските водоводи, речиси во сите села кои со вода се снабдуваат со водовод е регистрирана бактериолошка неиспраност. Во извештајот стои дека зеле примероци и од природните чешми и бунари. Од вкупно 16 примероци на вода анализите покажале дека шест од нив се загадени. Кај хемиски неисправните води регистрирано е големо количество на нитрати и матност и тоа над максимално дозволените концентрации, додека пак кај бактериолошко неисправните води биле забележани бактеријата ешерихија коли и колиформните бактерии, предизвикувачи на заразни цревни заболувања.
Овој извештај на Центарот за јавно здравје денеска ќе биде презентиран на седницата на советот на општина Велес. Ќе важат ли истите препораки како и лани кои се однесуваа на строга забрана за пиење на водата од селските водоводи и природните чешми, ќе се знае откако ќе излезат резултатите од анализите на земените мостри вода./Д.С