Четиринаесетти ден контрапротест на ГДОМ во Велес
Груевски им даде можност на 24 април а потоа и на пети мај, но тие не сакаат на избори. Тогаш ние ќе се вратиме назад во парламентот, тој што е веќе избран ќе ја води државата до април 2018 година. Вака вечерва претседателот на Здружението на пензионери во Велес Веле Алексовски им се обрати на поддржувачите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.
„Само тоа е излез од оваа криза, дали е уставно или не е уставно, ама како што нивното беше неуставно де одам де не одам на избори, овие на демократски начин избрани лица, пратеници и министри нека си се вратат на старите работни места“, рече Алексовски.
Пред поддржувачите на ГДОМ се обрати и велешанецот Димче Левков кој рече дека тука е од морална обврска.
„Тука сме повторно и вечерва да покажеме и докажеме дека во овој град има луѓе кои ги почитуваат вистинските вредности и вистинските иделаки кои треба да ја движат Република Македонија. да покажеме дека овде живеат луѓе кои ја сакаат Македонија здрава, цврста и пред се просперитетна“, рече Левков.
И вечерва контрапротестот на ГДОМ се одржа во центарот на градот, пред просториите на ВМРО ДПМНЕ./Д.С